Се ожени нашиот познат водител – еден од најпосакуваните ергени во Македонија „рипна во тавче“, а ова е неговата сакана!
Македонскиот водител „рипна во тавче“, па честитки пристигнуваат од сите страни.
Водителот Гоце Андреевски е долги години на малите екрани, но јавноста особено го засака откако стана дел од екипата на Утринска на Телма.
Емисијата беше една од најдобрите и најпопуларните емисии на македонската ТВ сцена и веста дека емисијата повеќе нема да се емитува растажи многумина.
Елена, Цеца, Марко и Гоце беа причината поради која многумина од нас ги вклучуваа телевизорите наутро.
Нивната емисија нудеше содржина за сечиј вкус.
Веста дека менаџменот на телевизијата ја укинува утринската емисија предизвика неверување и бурни реакции во јавноста. Публиката беше незадоволна, разочарана и на социјалните мрежи коментираат дека не е фер што најгледаната, најзабавна и најпозитивна емисија ќе престане да постои.
Секој од нив замина на своја страна.
Елена Митева стана советничка на премиерот Зоран Заев за медиуми, Марко остана сам да го води „Забавен магазин“ на истата телевизија, а Цеце ја снема од малите екрани и се посвети целосно на мајчинството.
Гоце стана портпарол на Министерството за натрешни работи и секојдневно преку виде ја информира јавноста за најновите активности на МВР, апсењата и разрешувањата на криминалните дела.
Кога камерите се гасат и завршуваат работните обврски, Гоце е скромно момче, посветено на семејството и саканата.
„Мирот, љубовта, тишината и смирената енергија ми се најважни после работните обврски. И книга и филм сакам, но кога имам слободно време. Обично со книга во раце заспивам навечер. Тоа ми е делот од денот кога најмногу сакам да прочитам убави нешта кои ми даваат дополнителна убава енергија“, изјави тој за Женски магазин.
На социјалните мрежи тој понекогаш споделува и фотографии со неговата избраничка Даниела.
Со години важеше за еден од најпосакуваните ергени во земјава, но неговото срце го освои само таа.
Гоце ја запроси Андреа на летување во Охрид.
„Св. Наум, извори, волшебна природна убавина…
Мир, тишина и вода бистра како Љубовта“, напиша тој во опис на фотографијата од запросувањето минатата година.
Оваа година, откако попуштија рестрикциите воведени поради пандемијата, Гоце и Даниела направија свадба.
Фотографија од венчавката сподели водителот на Инстаграм.
Веднаш почнаа да се нижат честитки и коментари со убави желби за младите.