Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа сестрата на една од најубавите и најпознатите МАКЕДОНСКИ водителки – две убавици како сирени на плажа

Реклама

Македонската водителка и нејзината сестра се вистински убавици. Покажаа какл навистина се ужива во животот.

Јована Стојменовиќ важи за една од најубавите водителки во Македонија, а нејзи иот лик го гледаме скоро секое утро на утринската програма на Сител телевизија.

Маркетинг

Таа претставува вистинско уживање наутро, а водителката со својот глас и ведрина го разубавува утрото на секој кој ја гледа.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Одмерена, елегантна и насмеана е таа секој ден, иако денот ѝ започнува релатвно рано. Сепак секогаш е средена од глава до пети и остава впечаток дека ужива во својата раборта и ја работи со леснотија.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

„Секоја работа има своја тежина, најважно е да сте професионалец, но и позитивно да гледате на нештата, па да ги пронајдете предностите на секоја ситуација и работен ангажман… Точно е дека се будите ненаспани, но стасувате на работа за тројно пократко време поради празните скопски улици рано наутро. Уживате во изгрејсонцата, а и завршувате со работа во термин кога останатите прават пауза за оброк… За дотерувањето и концентрацијата, се е до добрата организација и вештини кои ги развивате со текот на времето“, изјави Јована во интервју за Гламур.

Маркетинг
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Четиринаесет години утринска програма е завидна бројка, но со себе носи и многу предизвици.

На нејзината убавина никој не може да остсне рамнодушен.

Долгата коса е нејзин заштитен знак, а од почетокот на нејзината кариера до сегс не правела некои драстични промени на изгледот. Водителката го негува класичниот, дамски стил, кој одлично ѝ прилега на нејзината линија.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Водителката ги изненади своите фанови кога сподели фотографија во бикини и ја покажа својата манекенска става.

„Не ми треба филтер и баш ми е гајле” , пишува Јована за фотографијата каде позира оптегната под сонцето.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Јована вешто го крие својот приватен живот и никогаш јавно не го покажала својот сакан.

„Имам долга врска, вљубена сум, а врската ми е толку долга што поради тоа официјално не сме ја означиле како брак. Знаете кога ќе минат години и години, заедно живеете и делите се, вие сте во брак, иако не сте се венчале. Можеби и ќе се венчаме, но и ако не го сториме тоа, ние сме маж и жена“, откри водителката за „Женски магазин“.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

На својот Инстаграм профил понекогаш споделува фотографии и од своето најблиско семејство. Водителката досега ги покажа своите родители, а фановите заклучија дека својата убавина ја наследила токму од нејзината мајка.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Летните жешки денови таа ги поминува покрај вода, а друштво ѝ прави нејзината сестра.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Дека убавината е наследна доказ се и двете сестри Стојменовиќ. Еднатс повеќе личи на мама, другата на тато, но факт е дека и двете се вистински убабиви.

На нивниот чадор е напишан бројо 12, па токму затоа водителката се пошегува и во опис напиша „Станица број 12“.

Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ
Фото: Инстаграм / Јована Стојменовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button