Јована Јоксимовиќ и без шминка и со несредена фризура изгледа ФЕНОМЕНАЛНО – не сте ја виделе во вакво издание!
Водителката Јована Јоксимовиќ секогаш ја гледаме дотерана, нашминкана и со средена фризура.
Но овој пат таа ги изненади сите со својата најнова фотографија на која изгледа многу поразлично.
Имено, убавата водителка времето го минува на море, од каде објави неколку фотографии во шарен фустан.
Но нејзините фанови беа воодушевени и од тоа што сопругата на Жељко Јоксимовиќ нема грам шинка на своето лице.
Таа позираше со разбушавена коса од морската сол и во ова лежерно издание го прослави роденденот со пријателката.
Многумина забележаа дека Јована и без шминка има негуван и убав, блескав тен, а како некој што го преферира природниот изглед досега нема направено ниту една естетска операција на себе.
Инаку Јована годинава го прослави својот 40-ти роденден, а во младоста има тренирано ракомет.
Еве што вели та за овој свој период во животот:
„Тренирав ракомет осум години. Кога сите девојки одеа на ритмичка гимнастика, балет, моите другарки и јас избравме ракомет. Овој клуб беше блиску до нас и така од љубопитност почнавме да тренираме. Но мене тоа ми се допадна. Тогаш водевме живот на вистински спортисти – подготовки два месеци, тренинг двапати на ден, многумина имаа надеж во нашиот тим. Во тоа време, имав десет килограми повеќе отколку што сум сега, така што ми беше нормално да тренирам некој спорт, кој не е женствен.“
„Но, кога требаше професионално да се занимавам со тоа, да потпишам договор што ме обврзуваше неколку години, јас престанав да тренирам“ – изјави сопругата на пејачот Жељко Јоксимовиќ во една прилика.
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Јована Јоксимовиќ