Реклама
Наши ѕвезди

Весна Бејби раскажа за една стpaшнa ситуација што ѝ се случила, едвај извадила жива глава – ова нема да им се допадне на политичарите!

Реклама

Македонија со денови се бори со пожари кои зафатија неколку делови во земјава.

Која е причината за избувнување на пожарите не се знае, но граѓаните се преплашени и очајно бараат помош.

Маркетинг

Пожарникарите мака мачат да се справат со огнените јазици на неколку места во земјава, а во гаснењата учествуваат и самите грамѓани кои несебично се сплотија и се трудат едни на други да си пружат помош и поддршка.

Сѐ уште не е прогласена кризна состојба, но пожари сѐ повеќе и повеќе избувнуваат низ градовите.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Ситуацијата се менува од минута во минута, огновите брзо се шират поради ветерот кој дува, па бројот на активни пожари постојано се менува.

Оваа ситуација ја натера актерката Весна Бејби Петрушевска да се присети на 2013 година кога изгоре и нејзината куќа во скопската нсселба Кисела Вода.

Во моментот кога избил пожарот семејството Петрушевски било внатре, но за среќа сите биле навреме евакуирани.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Деновиве таа се огласи на Фејсбук да упати критика за бавната интервенција на надлежните, кои ги смета за виновни за ширењето на пожарите, бидејќи не реагираат на време.

„Призма правела истражување пред две години.Ова е суштината 20 години наназад.Кога ни изгоре куќата ги чекавме точно час и половина(се бидна пепел) оти немаа капацитет.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Сега читам дека Стојанче го спасил Кочани и не размислувал за оставка.Ајде мајката

Не ни сакате да знаете како е да вдишиш чад да не можеш излез да најдеш кога се случува пожар.

Не релативизирајте кат-астрофи и траг-едии.Уште кога ќе прочитам”изгореле неколку куќи, спасиле куќи”…Ништо не спасиле,се треба да рушат луѓето и одново да градат!

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Само тие знаат како им е! Сите политички структури ама сите до една не се бавите со суштината, да не спомнувам и возила за брза помош ми се лоши(јас лично чекав 3 часа за мене и тоа приватно едвај жива глава спасив).

Па де едни де други се топорите политичари на сред трагедии.Да се немало хелихоптери и пожарни возила!!Вака ќе ни се случува и понатаму ако не си ја чукнеме главата!

Многу сум тажна и бесна.Цел свет дебатира за климатски промени ние “Е” од екологија немаме…не го занима тоа никој.Ете каде сме!До нас е!“, напиша Весна на Фејсбук.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Ова не беше единствената несреќа која ја снајде актерката.

Имено, пред 4 години и нејзиниот автомобил се најде во водите на реката Вардар во Скопје, а оваа вест пеивлече огромно внимание во јавноста.

Фото: Принтскрин

По тој повод актерката се огласи на Фејсбук и даде детално објаснување.

„Автомобилот беше паркиран под мостот од причина што поголемиот дел од моите колеги се паркираме и одиме на проба, претстава. Зошто се паркираме таму е оти нашиот паркинг е полн со сценографија за која патем се не е испланиран простор и мора да се чува некаде, играме претстави, но тоа е друга тема.

Нејсе, за сите што шпекулирате, имате дневна сензација, претпоставувате апсурдни нешта (примерно сум возела покрај кеј, па сум влетала во Вардар и сум излегла мртва ладна) да ви кажам дека беше на одалеченост од кејот со дигната рачна и во брзина.

Се останато има служби ќе си истражат. Во секој случај е морбидно и грозно. За недозволено паркирање се плаќа казна. Не ме зачудува воопшто лошотијата и “храброста” зад тастатура. За сите вас “душебрижници”со претпоставки од најгнасен тип да ви кажам едно нешто, мислев само на децата да не се потресат оти бргу се прошири веста.

Помисливте на тие дечиња ако случајно јас бев во автомобилот? Јас работам чесно и достоинствено, вие може да пишувате по постови до утре и назад! Кога последен пат сте помогнале некому? Јас секојдневно!

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Бев на проба со децата од Бејби шоу, работиме на убави нешта, се учиме на достоинствен живот и живот без различности. Благодарам на пожарникарите, на полицијата кои беа на висина на задачата.

Благодарам на сите што се јавивте да ме прашате дали сум добра. Една светла точка и која ја прифаќам тоа е духовитоста на поединци. Да, беше морбидно и страшно.

Јас немам друг избор освен да се борам како и секогаш!Благодарам на сите добри луѓе кои вчера беа со мене 7 часа на нозе: Вики Violeta Damevska Gorgieva, Игор Џамбазов, Јоце мил, мама Saska Petrusevska, тато Kiril Petrusev и секако многу благодарам на Кети Kejt Katarina која остана со дечињата на проба и ја истера пробата. Првото влегување дома гушка од Кики и Мина со една реченица:”Само ти да си ни добра!”, напиша тогаш Весна Бејби.

Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска
Фото: Инстаграм / Весна Петрушевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button