Реклама
Наши ѕвезди

Тажната животна приказна на пејачот Душко Георгиевски од која на МНОГУМИНА ќе им се насолзат очите

Реклама

Македонскиот пејач се потсети на својата младост.

Пејачот на фолк музика Душко Георгиевски зад себе има богата музичка кариера, но најмногу внимание привлече неговата животна приказна.

Маркетинг

Кога имал само 11 години Душко ги загубил двајцата родители и тој и неговата сестра останале сирачиња.

Неговите родители го изгубиле животот во сообраќајна несреќа, кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќале од одмор. На одмор биле со своите братучеди, а Георгиевски и сестра му останале дома.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

По големата загуба, роднините му купиле флејта за да му го оттргнат вниманието и да нема време да тагува.

Маркетинг

Пејачот многу ретко, скоро никогаш не зборува на оваа тема, бидејќи како што вели не сака да предизвика чувство на сожалување кај луѓето.

Во едно свое интерјву откри дека тој и сестра му не присуствувале на погр-ебот на нивните родители. Она што најмногу го погодувало во тој период, вели пејачот, било кога од зад грб ќе слушнел како го нарекуваат „сираче“.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

Неговиот татко бил правник во трговска фирма, а мајка му службеник во државна институција. По нивното заминување од овој свет пејачот и неговата сестра растеле со семејството на татко им.

Освен што најголема љубов му е музиката, пејачот има и друга професија, односно тој е адвокат.

Сепак, музиката никогаш не ја запоставува и публиката може да го види и да го гостува на многу музички емисии.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

Георгиевски долги години плови во среќен брак со водителката Марија.

Таа е уредник и водител на емисија од областа на економијата.

Фото: Фејсбук / Марија Георгиевска

За неа вели дека е негов најголем критичар, но и најголема поддршка.

Плод на нивната љубов се нивните две ќерки Верче и Мила.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

Празникот Илинден тој на своите фанови им го честиташе со песната „Земјо македонска“ во негова изведба, а сподели и фотографии од него додека бил помлад.

Она што може да се забележи е дека пејачот не се изменил многу, освен што на фотографиите има шатирана коса.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

„Драги пријатели, обожаватели, Честит Илинден, Илинден или денот на Св. Илија, големиот македонски национален и православен празник, кој е наша гордост како Македонци.

За најголемиот празник убава песна за поздрав и празнично расположение, „ Земјо Македонска“, напиша пејачот во опис на фотографиите.

Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски
Фото: Фејсбук / Душко Георгиевски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button