Синот на Војо Стојаноски важи за еден од омилените пејачи на нашите ИСЕЛЕНИЦИ – еве што прави и како ужива ова лето
Додека ние се „топиме” на натпросечните температури деновиве, синот на легендарниот Војо Стојаноски го најде спасот од горештините.
Македонскиот фолк-пејач Војо Стојановски, пoчинa на 6. мај 2014 година на 65-годишна возраст од рaк на панкреас.
Сепак, пејачот остана да живее во срцата на пубчиката преку безвременските хитови од кои најпознати се: „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ и „Свадба голема“. По неговата смрт бил објавен компилацискиот албум (на два компакт диска) „Моја Македонијо“, кој содржи 19 песни што Стојаноски ги изведувал на фестивалот „Гоце фест“.
Војо Стојаноски беше во брак со новинарката Евица Камберова – Стојаноска, со која го имаат синот Дамјан.
Дамјан го наследи талентот на својот татко и тргна по неговиот пат.
Дамјан студираше на Факултетот за музичка уметност , отсек-соло пеење. Вели дека воопшто немал дилема која професија да ја одбере бидејќи отсекогаш ја сакал музиката. Фолк-ѕвездите го знаат од дете, но сега го прифаќаат како нивен колега.
Тој ја продолжи мисијата на својот татко, па преку песните работи на афирмацијата на вистината за Македонија.
За неговиот татко кој починал само 20 дена пред неговата матура, за „Женски Магазин“ зборуваше со доза носталгија за времето кое го поминувале заедно.
– Ми беше најдобар пријател, ментор и идол. Неговите дела никогаш нема да бидат заборавени. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележително, па планирам да ги оживеам – откри тој.
Периодот за време на памдемијата и карантините беше исклучително тежок за многу пејачи. Кризата се одрази и на нивниот џеб.
Но, за Дамјан 2020 година беше една од најубавите.
Пејачот одлучи да му стави крај на ергенскиот живот и стапи во брак за својата девојка Елена Биилеска од Кичeво.
-Го направивме само граѓанскиот брак и сеуште не сме одлучиле кога ќе биде свадбата и венчавањето в црква. Заедно сме неполна година иако се познаваме и се бендисувавме уште пред тоа, изјави Дамјан тогаш.
По некое време се случи и она што секој пар го очекува – принова на семејството.
Во август, 2020 година Дамјан и Елена станаа родители на нивниот син Војдан.
Убавата вест со јавноста ја споедели гордата баба Евица,која напиша дека има нова животна улога – баба.
Деновиве додека во Македонија има топлотен бран сите се трудиме да најдеме идеално место за разладување.
Дамјан си пронајде совршено место за тоа.
Заедно со пријателите се искачи на Плакенска планина во Охрид.
Судејќи според тоа дека тој и неговиот пријател на фотографиите се по долги ракави, се чини дека температурите горе биле драстично пониски, што претставува вистински рај во ова време.
Дамјан го искористи времето и местото за возење и на четирицикл.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение: