Реклама
Наши ѕвезди

Кралот Ферус Мустафов некогаш со својот саксофон заработувал ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА на вечер, а сега живее од ден за ден

Реклама

Кралот на саксофонот Ферус Мустафов дојде во ситуација да бара помош од граѓаните.

Пандемијата Ковид 19 донесе криза и во светот и во Македонија.

Кризата не ги одмина музичарите и не само што не ги одмина, туку и премногу ги погоди.

Маркетинг

Македонската музика стагнираше повеќе од една година, а музичарите не ни вадеа нови песни.

Фото: Принтскрин

Настапите, прославите, групирањата беа забранети, а пејачите останаа без прилив на пари.

Маркетинг

Многумина од нив беа принудени да ја сменат професијата со цел да обезбедат финансии за себе и своето семејство.

Легендарниот Ферус Мустафов пред пандемијата беше максимално ангажиран и најбаран музичар од Македонија.

Фото: Принтскрин

Насекаде низ Македонија, но и во дијаспората, Ферус го сакаат и млад и стари и вистинска чест кралот на саксофонот да засвири на приватна веселба.

Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија. Настапувал во голем број земји во светот и снимил десетина албуми, главно со инструментални композициии добил многу награди.

Фото: Фејсбук / Ферус Мустафов

Што се однесува до заработувачката од музиката, тој во едно негово интервју за откри дека најголемиот бакшиш што некогаш го заработил во животот бил на еден настан во Франција, каде настапувала цела српска естрада, кога заработил 180.000 евра за само една вечер.

Но, корона кризата го погоди и Ферус.

Фото: Фејсбук / Ферус Мустафов

Тој јавно се огласи и зборуваше против одлуките на Владата затоа што тој нема друг начон на егзистенција освен музиката и бараше да се попуштат мерките за музичарите.

Разочаран од целата ситуација кажа дека оваа држава не го поддржала во тешките периоди и дека ќе направи да се отсели од тука.

Фото: Принтскрин

Деновиве тој кажа и како неговото семејство се снаоѓа во оваа криза. Во интервју за порталот Фокус кажа дека со семејството е во родниот Штип. Откри дека сега живее од минималната пензија која ја прима, но дека е неблагодарно да се жали во јавност за тоа.

-Јас примам минимална пензија, сопругата Јелена не е вработена, иако веќе подолг период бара работа. Ја имаме ќеркичката Мелек која има девет години, се снаоѓаме како умееме. Минималната пензија е доволна да се платат сметките, но не се жалам. Имам помош од семејството, толку години сум настапувал, сум заработувал, срамота е сега да излезам во јавност и да барам помош од државата. Единствено ми треба вработување за сопругата, сега Мелек е поголема, па мајка и ќе може да оди на работа- раскажа Ферус за Фокус.

Фото: Фејсбук / Ферус Мустафов
Фото: Фејсбук / Ферус Мустафов
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button