Блеска од среќа, нашата водителка ја немаме видено во вакво издание – највесела меѓу „свадбарките“, ги скрши плочките од играње!
Македонската водителка досега ја немаме видено во вакво издание, блеска од среќа.
Јана Серафимова е шармантната девојка која скоро секој ден ја гледаме на малите екрани во емисијата „Магазин“ која се емитува секој ден во 10 часот.
Со нејзината насмевка, харизма и талент таа внесува топлина и ведрина во сечиј дом.
Публиката ја обожава, а таа не престанува да воодушевува.
Слободно може да се каже дека во моментов е една од најубавите, но и најзгодни водителки на македонската јавна сцена.
Јана зад себе има богата кариера, па иако релативно млада, таа ужива во големата популарност која ѝ ја донесе професијата.
Првично ја гледавме на утринската програма на фрекфенцијата на телевизија 24.
Долгата руса коса, совршената насмевка, витката линија ја красат убавата водителка, која може да застане рамо до рамо до светските водители.
Освен генетиката, за убавиот изглед на водителката задолжена е и самата таа.
Обрнува многу внимание на себеси и секогаш е средена од глава до пети.
– Во одржувањето на мојата линија немам никакви потешкотии. Засега во тоа успевам и без примена на редовна физичка активност. Се трудам да пијам што повеќе вода во текот на денот и да конзумирам свежа храна, овошје и зеленчук, откри Јана во едно свое интервју.
На луѓето кои работните обврски им започнуваат рано наутро логично е дека и денот им започнува доста рано. Како што откри водителката, таа станува во 05:30 часот, па затоа утринското кафе мора да го подготви и пие сама.
Потоа продолжува со работните обрски, но како што самата вели, таа ја обожава својта работа и среќна е со тоа што се занимава, па токму затоа сите овие обврски ги извршува со леснотија.
Она што малкумина знаат е тоа дека Јана долго време беше во врска со пејачот од Либеро бенд, Иван Јованов. Иван е сега во врска со младата пејачка Антониа Гиговска.
Се зборуваше дека Иван и Јана ја прекинале врската поради Антониа, но водителката никогаш не го потврди тоа во јавноста.
Секој од нив тргна по својот пат, а Јана денес е среќно вљубена во својот вереник Горан.
Пред извесно време Горан ја запроси Јана, а убавата вест ја соопшти на Инстаграм.
„Game over“ напиша момчето на водителката во опис на фотографијата на која непрестано се нижат честитки до парот и коментари со убави желби.
Тие не ја кријат својата љубов и често споделуваат заеднички фотографии.
„Маж и жена“, стои во описот на нивната фотографија направена во Охрид.
Минатата недела водителката присуствуваше на свадбата на нејзината другарка.
За таа прилика се одлучи за свилен розев фустан кој одлично ја оцртуваше нејзината витка линија.
Горан пак се одлучи за елегантно-спортска варијанта.
Сепак и двајцата изгледаа фантастично.
Водителката покажа и дел од атмосферата на свадбата на која се гледа дека таа била една од највеселите гости.
Разиграна и весела, се чини дека Јана имала извонредна вечер.
„Јас, кога мажам другарка“, стои во опис на фотографиите.