Како расте сѐ повеќе личи на неа: Погледнете како изгледа денес синот на Дани Димитровска – пејачката се пофали на Инстаграм
Тој е нејзината гордост, најголема љубов и причина зошто се бори и работи напорно.
Дани Димитровска е пејачката која е вечно млада. За неа може да се каже дека времето како да запрело. Буквслно изгледа исто како на почетокот на нејзината кариера.
Бујната кадрава коса и симпатичното „р” се работите по кои е препознатлива.
Димитровска ја започна својата кариера на музичкиот натпревар Макфест во Штип со песната „Само ти ми требаш”. Песната беше добро прифатена како од публиката, така и од новинарите. Во 2000 година, таа се појави на националниот избор за Песна на Евровизија со песната „А некогаш” .
Истата година, таа и нејзиниот сопруг Јоцо го добија нивното прво дете, синот Лазар. По разводот со Јоцо, таа одлучи да земе пауза во кариерата и целосно да се посвети на растење и воспитувањето на Лазар.
За својот поранешен сопруг, таа претходно изјави дека ѝ бил најдобар другар, се знаеле од деца, и живееле во иста населба. Се разделиле кога и двајцата сфатиле дека подобро им оди како пријатели.
Песната “Срца две” беше нејзиниот големо враќање и тоа се смета за најголемиот хит кој беше број 1 на сите македонски топ листи цел месец, и # 4 на МТВ Адриа.
Димитровска беше првата македонска пејачка која стигна да се запише на МТВ Адриа Топ 20 листата.
Дани денес ужива во голема популарност, а зад себе има многу хитови, настапи и концерти.
Најголема поддршка цело ова време ѝ е Лазар.
Таа во интервју за Гламур изјави дека e мошне блиска со својот син и дека ужива во улогата на мајка, но и дека не го замара премногу туку служи за советување и да му даде љубов.
Лазар е веќе возрасно момче, на кое Дани е многу горда.
„Кога ја пеам ‘Свети’ на него мислам. А Бог’ме ми свети посјајно и од сонцето…во срцево. Еден пат што се вика задолжително школство го изгази. Посебна џева околу тоа не кревам. Следуваат поголеми и пошироки патишта.. Да се вивне во небото посакувам. Да си ги достигне своите врвови и да трага по себе.. Љубовта ми се вика син. Горделива не сум, но сум стопена од среќа дека баш јас го родив, Матура #checkedout“, напиша Дани под фотографиите од нејзиниот син кои ги објави на Инстаграм.
Она што е доста забележливо е тоа дека Лазар неверојатно многу личи на својата мајка, а како поминува времето тоа е сѐ поочигледно.
Преку фотографија на Инстаграм пејачката се пофали дека нејзиниот син веќе започнал да вози автомобил, а гордата мајка не можеше да ја скрие возбудата.
„Од вчера.. при дожд… во кола.. он вози. Мене срцето у петици дека вози. Он. А воспитан позади волан. Културен у ретровизор. А мој. Муабетите лабави. Еден е. Ѕвезден е”, стои во опис на фотографијата.