Елена Велевска откри колку килограми се поправила – нејзините фанови ШОКИРАНИ, и со толку вишок изгледа како манекенка
Таа е една од најпопуларните, а воедно и најубава и најзгодна пејачка на македонската музичка сцена.
Важи за жена која неверојатно многу вложува во својот изглед, а тоа нормално дека не останува незабележително.
Скоро и не постои човек кој не знае која е Елена Велевска.
Пејачката на фолк музика зад себе има импозантна кариера, многу хитови, настапи и концерти.
Не може да помине ниту една веселба, свадба и прослава без некоја нејзина песна.
Со својот глас, стас и харизма успева секогаш да направи одлична атмосфера каде и да настапува.
Таа важи за негувана дама која очигледно нема проблем да го покаже соето тело на социјалните мрежи. Горда е на својот физички изглед, за што сведочат и нејзините бројни изданија во кocтими за капење.
Нејзините фановите се воодушевени од нив, како и од тоа што и самата пејачка се чувствува сјајно во своја кожa.
Поради пандемијата Ковид 19 и многу карантини воведени од Владата, кај секој од нас се јави проблем со вишок килограми. И покрај тоа што е маисимално посветена на својот изглед, овој проблем не ја одмина ниту Велевска.
„Мене ми е ова најголем мотив, музичката лкариера, пеењето сето тоа е поврзан ланец кој ни овозможува враќање во формата во која треба да биде еден уметник. Сето тоа ни е од голема важност, бидејќи короната се задржа подолго време и на сите ни наштети најмногу на линијата. Се надевам дека кај мене ќе се среди за брзо бидејќи имам едно 10-15 килограми вишок за средување. Публиката ми вели дека убаво ми стојат, убаво и се носам. Можеби и годините ми се такви што не мора и толку да изгледаме слаби како анорексични“, кажа пејачката за естрадниот магазин „Бекстејџ“ и додаде дека најважно е што конечно се вратиле на своите настапи.
Таа вели дека сепак пејачите мора да балансираат кога станува збор за цените на тезгите.
„Се наоѓаме во позиција каде мора да балансираме и ние и сопствениците на локалите. Правиме баланс бидејќи сопствениците работат со 30 до 50 отсто капацитет. Оваа моментална ситуација е добредојдена за аматерите и почетниците, бидејќи не вложуваат во нови песни. За нас е тешкото, за нив е полесно“, кажа пејачката.
Инаку Велевска долги години беше во брак со својот поранешен сопруг Маријан со кој важеа за еден од најскладните парови.
Во своите интервјуа таа секогаш велеше дека токму Маријан ѝ е најголема поддршка во животот, па веста за крајот на нивната љубов ги изненади сите.
Таа во една телевизиска емисија откри дека причината за крајот на нивната љубов е насилството кое го трпела.
„Да, бев жртва. Во нашиот случај не се работеше за прељуба, туку за семејно нacилство, како физичко, така и пcиxичко“, откри пејачката.
Долго време таа не даваше никакви изјави во врска со нејзиниот приватен живот, но сега одлучи повторно да проговори.
Таа кажа каде сега живеат нејзините деца.
„Многу е потешко сега нашето гледање со децата бидејќи тие се во Охрид, јас сум во Прилеп.Ете така се одлучи. Не е ништи завршено со нашето судење, но можеби најдобро за да не се прават стресови на децата е да останат, бидејќи се израснати во Охрид. Секогаш ја гледаме и со мојот сопруг најдобрата страна за нив, бидејќи јас и тој повеќе не сме во прашање. Многу подобро функционираме разведени отколку во брак. Можеби тоа била формулата за успех, за да биде секој среќен и секогаш ќе гледаме за нивно добро. Многу е поубаво да останеме во добри односи отколку да се нарушуваат. Има многу побитни животи, отколку мојот и неговиот“, кажа Елена.