Нашата позната фолкерка порано беше без скршен денар, но сега живее ЛУКСУЗЕН живот – погледнете во каков гламур ужива
Пејачката која доживеа голем животен пресврт сега живее во луксуз и гламур.
Џесика Палашоска е една од најзгодните македонски пејачки. Таа е сопственичка и на најдобриот задник во земјава.
Џесика е доста активна на социјалните мрежи каде најчесто споделува фотографии од нејзините луксузни патувања и дестинациите кои ги посетува.
Пејачката секогаш е на различно место и живее живот каков секој би посакал.
Патувања, плажа, луксуз е сето она по што секој човек тежнее, а за Џесика тоа е реалност.
Џесика е жена која многу вложува во својот изглед. Редовно вежба и се труди да се храни здраво.
Понекогаш знае да сподели и фотографии од теретана каде е без грам шминка.
Без разлика дали е средена од глава до пети или во лежерно издание, пејачката изгледа фантастично.
Таа вели дека за да изгледа така добро вежба по два часа во теретана.Нејзиното мото е „Во здраво тело, здрав дух“.
Истакнува дека најмногу на свет сака сонце, плажа, бикини, море, океан, природа, животни.
Иако сега живее живот од соништата, тоа не било отсекогаш така.
Во интервју за „Репортер“ пејачката откри дека студиите кои ги започнала на Економскиот факултет не успеала да ги заврши, бидејќи немала доволно финансии за тоа.
Но, пејачката и студент по маркетинг-менаџмент одлучи да го заврши започнатото и да им се врати на студиите.
Таа покрај музичките обврски, секојдневно учи и ги подготвува испитите. Упорноста секогаш се исплати, а пејачката со сигурност ќе го иполни зацртаното.
„ Со оглед на тоа што бев одлична ученичка во средно школо , а и на факултет имав добри отценки, решив , сега да им се вратам на студиите. Имам уште два испити од прва година и затоа сакам што побрзо да ги положам за да можам да ги спремам испити и од втора година на студиите“ откри Палашоска за за „Репортер“.
Она што публиката најмногу ја интересира е приватниот живот на пејачката, која таа успешно го крие како змија нозете. Никогаш јавно не го експонира и на социјалните мрежи го споделива само оној дел од животот што таа сака да го открие и нејзината публика да го знае.
„Амбициозна, уникатна, чудна, искрена и секогаш со младешки дух. Подготвена сум за новите предизвици. Нека ми е среќен роденденот”, напиша Џесика во опис на својата фотографија по повод роденденот.
Често на Фејсбук пишува и мотивирачки пораки за да ги инспирира своите фанови да направат некаква промена во животот и да се охрабрат да го победат стравот од непознатото.
„Не плашете се да излезете надвор од вашата комфорна зона. Среќата е на само неколку чекори надвор од кутијата”, нспиша Џесика.
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска
Фото: Фејсбук / Џесика Палашоска