Германија не воведува задолжителнa вакцинација, а ова важи и за здравствените работници каде работат и многу Македонци
Кампањите за вакцините продолжуваат!
Германската канцеларка Ангела Меркел во вторникот апелираше до германските граѓани да одговорат на повикот за вакцинирање, но во исто време го одби воведувањето на обврската за вакцинација за сите граѓани и за одредени професионални групи.
-За да се спротивставиме на агресивните варијанти на коронавирусот, потребно е 85 проценти од граѓаните да бидат вакцинирани. Далеку сме од овие вредности “, рече германскиот канцелар по посетата на Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох.
Таа посочи дека нема да има задолжителна вакцинација, додавајќи дека зголемувањето на бројот на вакцинирани, одржувањето на правилата за растојание и тестирањето треба да помогнат во спречување на четвртиот бран на инфекција.
Во исто време, канцеларката го отфрли воведувањето обврска за вакцинација за одредени професионални групи, како што стори Франција, каде што сите здравствени работници мора да бидат вакцинирани до септември, доколку сакаат да си го задржат работното место.
-Немаме намера да го следиме патот предложен од Франција“, рече Меркел.
Довербата на граѓаните за вакцините може да се постигне со уште кампањи, истакнала Ангела Меркел.
-Вакцинацијата не само што ве штити од сериозни болести, туку и оние кои се блиски до вас, кои се важни за вас. Вакцинацијата, покрај тоа, ве ослободува од некои пречки во секојдневниот живот “, рече германската канцеларка.
Таа рече дека општеството ќе биде послободно доколку се вакцинираат што повеќе граѓани.
„Сега има доволно вакцини, има рокови, апелирам до сите да ја искористат оваа можност“, рече канцеларката.
Во Германија, во моментов 58 проценти од граѓаните примиле една вакцина, додека 43 проценти примиле две дози.
Германскиот министер за здравство Јенс Спан, кој заедно со канцеларката го посети институтот Роберт Кох, рече дека нема повеќе изговори за оние кои не сакаат да се вакцинираат затоа што има доволно дози на вакцина.
Тој предупреди дека „пандемијата сè уште не е завршена“ и се залага за вакцинација да се нуди на алтернативни места како што се трговски центри.
Германскиот министер за здравство пред некој ден објави дека во истиот број граѓани во моментов се вакцинираат дневно како и во февруари кога немаше на располагање вакцини.
Германија како што се испостави, не ја исклучува можноста за воведување наплата за тестови за оние кои не се вакцинирани.
Австрија размислува воведување на вакцинација и на гpoбишта?
Министерството за социјални прашања ја размислува стратегијата со која би ги навела Австријците да се вакцинираат што помасовно против вирусот корона во налет на ширењето на новиот делта сој.
Еден од предлозите е вакцинацијата да се спроведе и на гробиштата под мото имунизација наместо лежење на ова место.
Идејата е вакцинацијата да се спроведе во музеи, со бесплатен влез за граѓаните што сакаат да се имунизираат, како и да се отвори „драј тру“ за возачи на скутери и велосипедисти.
Ист така се размислува и акција за вакцинирање во општинските згради, летни кина, на базени, на ридишта…
Веќе подолго време постојат идеи вакцинација да се спроведува на места каде се наоѓаат млади, па и преку социјалните мрежи да се водат кампањи. Моментално се води кампања за вакцинација на млади жени со странско потекло, со огласи на јазици на етничките заедници што живеат во Австрија, како и изјави на мајчин јазик на познатите личности, меѓу кои се и фудбалерите.