И двете се занесни и убави, но ретко ги гледаме во јавноста – ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ сопругата и ќерката на пејачот Цаки Кисми
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот крслот на кафеаните.
Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми со години е присутен на македонската музичка сцена и зад себе има богата кариера, а и многу хитови.
Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.
Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.
Освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
На секоја нивен настап има неверојатно добра атмосфера, а публиката е полна со позитивни импресии.
Поради вирусот Ковид 19 угостителските објекти беа затворени, а забрана за одржување на свадби и семејни веселби имаше повеќе од една година.
Цаки во интервју за ИН ТВ откри како го поминал периодот на изолација. Иако добро се одморил од многуте обврскк, сепак не престанал да работи и снимал нови песни.
-Првите месец два ми дојдоа одлично и никогаш не сум се чувствувал така убаво, бев со фамилијата нон стоп заедно, а тоа задоволство го немав 20 и нешто години, се одморив убаво.
Меѓутоа доста ми е од одморање ми се здосади и тоа, па еве како што кажав снимивме нова песна и се работи на уште песна. Кај и да е, ќе излезе и таа, во побрз ритам е нешто помодерно.
Сакам на секои барем два месеци да промовирам по една песна, така нешто планирам па ќе видиме како ќе испадне.-истакна Цаки за естрадниот магазин Естрада плус.
Поради пандемијата музичарите за дочекот на Нова Година останаа со своите семејства, нешто што Цаки немал доживеано 25 години.
Цели 25 години за Нова Година бил ангажаиран и имал настап, а сега добил можност да им пее на најсаканите.
За некои луѓе минатата година беше тешка и тажна, но во семејството Нојкиќ донесе среќа.
Цаки и неговата сопруга Пале си добија зет.
Како што пејачот сподели на Фејсбук, неговата ќерка Милена се омажи.
Гордиот татко објави фотографии и регистрацијата и јавно им честиташе на младите.
„Си се потпишаа, со среќа нека им е. И на ќерка ми новото презиме”, напиша Цаки на Фејсбук.
Цаки и Пале се долги години во брак, а плод на нивната љубов се нивните две деца, син и ќерка.
Често на социјалните мрежи објавуваат фотографии од семејните дружби.
Освен што е успешен во својата работа, Цаки секогаш одвојува време за уживање со најдрагите.
Пандемијата полека спласнува, а музичарите започнуваат со работа и на големо ги закажуваат своите настапи, дури и месеци однапред.
Групата Кисми пред да започне пандемијата беше букирана и години однапред, па затоа уште со самото попуштање на мерките веднаш започнаа со работа.
На социјалните мрежи може да се забележи дека секој ден настапуваат на различни места.
Фото: Фејсбук / Цаки Кисми
Фото: Фејсбук / Цаки Кисми
Фото: Фејсбук / Цаки Кисми
Фото: Фејсбук / Цаки Кисми