Цела Македонија беше воодушевена од нејзината природна убавина, но погледнете како Натали изгледа денес, ќе се изненадите
Времето за неа како да стои
Се повлече од малите екрани и јавната сцена, но публиката се уште ја памети и важи за една од најубавите жени во земјава.
Поранешната манекенка и негогашна Бинго девојка, Натали Грубовиќ, сега е фамилијарна жена кој ужива во секој момент поминат со своето семејство.
Македонците носталгично се сеќаваат на времето кога Игор Џамбазов беше водител на Бинго, а Натали негова хостеса.
Бингото се гледаше во секој дом, а гледачите уживаа во досетливоста и шегите на Игор, но и во убавината на Натали.
Игор и Натали беа најпознатото водителско дуо кое со години ја забавуваше целата јавност. Заедно ги водеа популарните игри на среќа „Џандар збира“, „Супер Бинго“ и „Тркало на среќата“.
Фразата која е останата до ден денес, а ја кажа токму Игор е „Аје Натали, дај му на човекот“.
На 27 септември 2017 година Натали се оствари и во улога на мајка. Таа и нејзиниот сопруг, бизнисменот Дрен Глушац добија ќерка, а она што најмногу привлече внимание беше изборот на името за девојчето.
Имено, Дрен сакал нивната ќерка да се вика Натали и покрај тоа што предлогот бил необичен за неговата сопруга која што во јавноста е познава под истото име. Таа била изненадена од предлогот и најпрво предложила друго име, но по неколку дена и самата го добила чувството дека ова име е како создадено за нејзиното бебе.
„Штом прв пат ја видов мојата ќеркичка, и во тек на првите ден, два, додека се уште размислувавме за името, и самата го добив чувството дека таа е токму родена Натали, дека името е како создадено за неа, убавата манекенка.
Нејзината убавина се чини дека е вечна.
Натали и денес изгледа неверојатно.
Некогашната Мис на Македонија може да се пофали со витка линија, нежна кожа и затегнато лице.
За неа времето буквално запрело. Изгледа исто како на времето додека беше дел од тимот на Бинго.
Летото Натали го користи на прекрасните плажи на Црна Гора.
Заедно со семејството замина на одмор.
Таа е на море во Портонови од каде сподели фотографија заедно со својата ќеркичка.
Откако ја објави фотографијата, многумина коментираа дека и Натали изгледа одлично, но и дека се забележуваат промените на лицето.
„Љубов најголема“, стои во описот на фотографијата малата наследничка.
Инаку мама Натали има три сестри и сите тие се мајки. Најпрво во улога на мајка се оствари Марија, па Радица, а Натали беше последна. Тие и ден денес се дружат, а тоа може да се забележи и по фотографиите објавени на социјалните мрежи.