Џамбазов не престанува да „шокира“ – овој пат тоа го направи со ФОТОГРАФИЈА! Во вакво издание не сте го виделе досега!
Невозможно е некоја објава на Игор Џамбазов да не биде забележана од медиумите и публиката.
Актерот успева секогаш да привлече внимание.
Дефинитивно знаеш што да ѝ понуди на својата пбулика за доволно да ја заинтригира.
Секоја нова фотографија или статус на социјалните мрежи добива голем број лајкови и коментари.
Џамбазов е еден и единствен и ретко кој може да ја достигне неговата кариера, а Македонија дефинитивно може да се пофали со реткост каква што е актерот.
Полн со таленти кои непресушно му даваат нови идеи за да продолжи со тоа што го сака.
И покрај многуте непријатности кои му се случија во животот, Игор се издигна како феникс и денес повторно, без оглед што е тоа на социјалните мрежи, успева да ја забавува публиката.
Во последно време најмногу внимание привлече неговата врска со алпинистката Илина Арсова.
Уште по првата нивна заедничка фотографија на социјалните мрежи, медиумите не престанаа да пишуваат за нив.
А, тие, знаејќи што значи да се занимаваш со јавна работа, точно знаат колку и што да понудат.
Доста се активни на социјалните мрежи каде споделуваат фотографии од заедничките моменти.
Патувања, уживања во природните убавини во Македонија… сето тоа е дел од животот на Илина и Игор.
Разликата во годините воопшто не им пречи за тие да уживаат во својата љубов.
Парот зрачи со љубов и среќа и секогаш добиваат комплименти и пораки со убави желби на социјалните мрежи.
Иако Игор кон крајот на 2019 година изјави дека во неговиот живот повеќе нема место за жените, по разводот со неговата поранешна сопруга Искра Канзурова, е чини дека нештата се промениле и Илина навлезе длабоко во неговото срце, па актерот сега зрачи со љубов.
Се запознале случајно, преку нивни заеднички пријатели пред пет години.
„Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација.
По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, сè додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа сè е историја“ – раскажа Џамбазов за естрадниот магазин „Бекстејџ“.
Парот не обрнува внимание на лошите коментари упатени кон нив и го користи секој момент за уживање.
Игор ги запозна идните „баба и дедо“, а Илина идниот свекор.
Игор отсекогаш бил главна тема во медиумите и неговата популарност никогаш не се намали.
Токму затоа за него се пишуваа многу вистини и невистини.
Инстаграм на Игор му служи како место каде ќе сподели и по некоја смешна, но и саркастична објава.
Овој пат Џамбазов на својот инстаграм – профилот објави фотографија од една како што вели, тешка и кpвава битка.
„Денес, после тешка и крвава битка, се простивме од забот што не измачи тројцата“, напиша Игор во описот на фотографијата, испраќајќи благодарност до неговите двајца нови пријатели.
Неговата објава секако не пројде незабележана од неговите бројни обожаватели и пријатели, а истата доби илјадници лајкови и лавина коментари.