Реклама
Наши ѕвезди

Охридската Гранд ѕвезда повторно го воодушеви целиот Балкан – ПОГЛЕДНЕТЕ ги овие сцени, мајка му е пресреќна заради ова!

Реклама

Шармантниот охриѓанец Александар Јосифовски во Ѕвездите на Гранд ја освои публиката со својот неверојатен талент.

Фото: Принтскрин

На неговата појава не остана имуна ни Јелена Карлеуша која во една од емисиите истакна дека таков изведувач треба да се заштити со закон.

Јосифовски деновиве ја промовираше својата прва рок песна по натпреварот во Ѕвездите на Гранд.

Маркетинг

Во прашање е рок баладата „Иди“ која Јосифовски ја промовираше на брод во Охридското Езеро.

Фото: Принтскрин

Објави и автентично видео во кое е испреплетена приказната на моторџии, нивните случки и љубовни врски.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Пејачот ја направи музиката за песната заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека текстот е дело на Огнен Неделковски.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Првенецот на Александар е издаден за Гранд продукција и преставува вистинско освежување на регионалната рок сцена.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Песната и спотот ќе ве купат уште на првото гледање и слушање, а вокалните способности на Александар повторно го воодушевија целиот Балкан, за што зборуваат и коментарите што ги доби под видеото на Јутјуб.

Фото: Принтскрин

„Ти си иднината на рок музиката“, „Најдобар рокер на Балканот“, “Браво момче, заслужуваш многу повеќе“, му порачаа фановите на Александар преку социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин

Инаку, Јосифовски се прослави со најдобрите рок нумери од просторите на поранешна Југославија што во изминативе две години ги изведуваше на големата сцена во најпопуларното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“.

Фото: Принтскрин

Интересно е и тоа што и мајката на Александар е исто така пејачка, која пред сѐ му е најдобар пријател и го мотивира за секој следен настап.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Во прашање е фолк-пејачката Елизабета Неданоска-Јосифовска која ја освои македонската публика уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица.

Токму нејзина желба беше да се пријави во шоуто, а пејачот се согласи да и ја исполни желбата, но само ако му вети и таа да и се врати на музиката и да сними нова песна.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Неговата мајка неколку години живее во Австралија, но откако тој се пријави во шоуто цело време беше со него.

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button