Рамен cтoмак и тенок стpyк- Тамара ја доведе својата фигура до СОВРШЕНСТВО, никогаш не изгледала подобро од сега!
Поради коронакризата многу пејачи останаа без настапи, а сега откако мерките полека се олабавија конечно имаме закажани настапи и концерти.
После долга пауза настап најави и Тамара Тодевска и тоа не еден туку два концерти.
Тамара на големо се подготвува, а едно е евидентно, дека пејачката својата фигура ја доведе до совршенство.
На кратките приказни на Инстаграм таа објави кратко видео на кое ја покажа совршената шминка и фризура, но и тенкиот струк и рамен стомак. Фигура на која може да и позавидат многу девојки.
Таа често објавува фотографии и видеа од теретана, а се чини дека напорните тренинзи и тоа како се исплатат.
Неодамна таа го имаше и првиот настап по отворање на дискотеките, а се појави во необичен и специфичен стајлинг. Таа пееше во познат скопски клуб.
Во црн ceкcи костум со впечатлив накит, но и ослабена, Тамара ги испеа своите најголеми хитови, но и песната „Шила“ од Маја Оџаклиевска што ја преработи пред неколку години. Сепак Тамара не мируваше ни за време на пандемијата.
Иако беше спречена за настапи во живо таа заедно со својата сестра Тијана организираа онлајн концерт.
По концертот кој се пренесуваше во живо фановите ги пофалија и двете, а имаше и такви кои пишуваа дека не можат да одлучат која да двете пее поубаво.
Тамара неодамна наполни 36 години, а свеќичките на тортата ги дувна заедно со својата ќерка Хана. Во низата пораки кои Тамара ги сподели на кусите приказни на Инстаграм, беше и порака од нејзината добра пријателка Миа Костова.
Тие двете освен што се блиски пријателки, неодоливо потсетуваат една на друга, речиси како сестри близначки што не заборави да го спомене и познатата инфлуенсерка.
„Те сакам и кога ќе ја згрешиш химната и кога ќе ми пишеш во 8 и 15, ’ви како те“, те сакам на сцена и кога не си за сцена. Те сакам дека имаме слики кога не се знае кој е кој на сликата. Те сакам дека си најмајка и те сакам кога те мразам дека пееш. Среќен роденден близначки. Ако се префарбаш те убив“, пишува Миа во честитката.