Цел Гостивар тагуваше по младиот доктор Трајче Нешковски – ЕМОТИВНАТА исповед на неговата сопруга ги тpoгна сите
„Дали е ова вистина или само сон?!“
Сопругата на младиот лекар од ЈЗУ УК за пyлмологија и алepгологија со емотивна исповед.
Младиот д-р Трајче Нешковски кој „замина“ прерано не остави никого рамнодушен.
Сопругата, неговото семејство, пријателите и колегите беа скршени по тpaгичниот настан, а од него се простија и премиерот Заев и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев.
Сепак најмногу погодена од сè беше неговата сопруга која со емотивен статус се праша дали е сон или јаве ова што се случува.
„Сè уште се трудам нешто да кажам, да сфатам што навистина се случи … Дали е ова вистина или само сон?!
Инаку, кога се случи несреќата, целиот Гостивар беше празен. Тагуваа сите, без оглед на вера, националност или партија, бидејќи младиот доктор никогаш не ги делел луѓето. И неговиот татко Јован, кој исто така е лекар, важи за еден од најдобрите луѓе во овој град во Македонија, а како што велат многумина и неговиот син беше ист како него. Не застанувал со работата, па дури и кога неговите родители имаа корона. Секојдневно доаѓал дома да ги види, од работа, право во Гостивар, каде што долги години живееше и тој. Пред да замине во Скопје бил матичен лекар и имал многу пациенти, а во градот важел за еден од најдобрите доктори.
Сопругата на Трајче, Ема Нешковска за првпат се огласи и во интервју за „Женски магазин“ кажа низ што поминува.
-Трајче беше секогаш достапен, многу грижлив и многу, многу внимателен. По завршувањето на работното време и соблекувањето на белиот мантил, Трајче продолжуваше да биде доктор, секогаш, ама буквално секогаш достапен за секого и во кое било време. Беше многу чувствителен и секогаш се трудеше да направи баланс и добра атмосфера, изјави неговата сопруга во интервјуто за „Женски магазин“.
Тие двајцата се запознале пред 12 години и најпрво биле пријатели, а потоа започнале врска.
Таа раскажа дека биле многу блиски и постојано во комуникација.
Кобниот ден и кажал дека чувствува нелагодност и болка, но истото го препишал на заморот што го имаше заради обврските. Тие поразговарале 5-10 минути непосредно пред несреќата, кога неколку пати и повторил на сопругата: „Добар сум Емке, добар сум. Не се грижи, за кратко ќе дојдам…“
За жал тоа не се случило!
Трајче и Ема имаат и ќерка за која Ема вели дека е сè уште малечка и не знае што точно се случува.
Ќеркичката се вика Јована и е крстена по татко му, а Трајче го изгуби животот две недели по нејзиниот втор роденден.
Ема претходно со емотивен статус на Фејсбук пишуваше дека нема да дозволи нивната ќерка да го заборави.
На Јована ќе и ја раскажуваме твојата богата приказна на која таа ќе биде горда затоа што имала татко како тебе. Татко ХЕРОЈ.
Баш како што и самиот пред некој ден кажа „Секоја генерација си има своја борба, а секоја борба свои херои“.
Епа ТИ си нашиот херој, херојот на нашето време!“, напиша Ема, сопругата на Трајче тогаш.
Пред речиси девет месеци на Нешковски му се слошило, односно доживеал срцев удар по што се судрил со друг автомобил и со својот „цитроен“ удрил во дрво.
Тој бил однесен во Ургентниот центар но докторите не можеле да го спасат.
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска
Фото: Фејсбук/ Ема Нешковска