Како да е излезена од модно списание- оваа Македонка му го „украде“ срцето на најпознатиот балкански водител
Сопругата на еден од најпознатите водители на Балканот која е со македонско потекло ги собра сите погледи.
Убавата Данијела Димитровска која има македонско потекло е сопруга на Огнен Амиџиќ, а секоја нејзина објава на Инстаграм фановите ги остава без здив.
Данијела е успешна манекенка која има совршено тело, и лице а сега со фотографии во бикини ја вжешти атмосферата.
Во костим за капење и насмевка таа ги собра сите погледи на плажата.
Ништо помалку божествено не изгчеда и во розев летен фустан. Облечена во фустан циклама боја и црни летни сандали Данијела изгледа како да излегла од модната писта на „Викторија сикрет“.
Иако таа веќе има родено две деца, сепак гледајќи ги нејзините фотографии тешко е да се поверува.
Освен што одлично изгледа Данијела се проба и како пејачка.
Во 2020 година таа се појави во спотот на песната „Додај гас“ за која тие двајцата снимија дует.
Парот ја снимаше песната на Малдивите, каде неодамна го поминаа својот одмор, а интересно е што целиот спот го снимија сами, со мобилен телефон.
Иако Даниела не планираше некогаш да земе микрофон, животот ја демантираше.
Имено, вистинската причина зошто манекенката решила да сними песна со својот сопруг е нивниот облог.
– Двајцата се согласија да се сретнат на ручек во еден белградски ресторан откако ќе ги завршат деловните обврски. Огњен пристигна на време и беше сигурно дека Даниела доцни, но таа не сакаше да признае. Затоа тој предложи облог затоа што беше убеден дека неговата сопруга нема да пристигне, а таа се согласи, мислејќи дека ќе го престигне. Во случај на победа, Даниела можеше да избере подарок, но во случај на губење, таа требаше да се согласи да пее со сопругот, а останатото е историја … – открил добро упатен извор за српски „Телеграф“.