Рај на земјата – водителката од Сител се coблeче и позираше во досега НЕВИДЕНО издание, изгледа како сирена на вpeлиот песок
Преслатката и шармантна водителка сподели фотографии од плажа а колешките веднаш ја опсипаа со комплименти.
Една од најпознатите и најубави водителки деновиве ги поминува на море покрај плажа, а фотографиите кои ги сподели ги воодушевија сите.
Елена Стојановска секој ден ја гледаме на утринската програма на „Сител“, но сега во едно поинакво издание Елена покажа дека има тело како сирена.
Стојановска на „Инстаграм“ објави фотографија на која позира во бело бикини на плажа на Карибите.
Нејзините колешки ја опсипаа со позитивни коментари порачувајќи дека местото и годи.
Во костим за капење Елена е по-жешка и од песокот на кој легна и покажа фигура на која може да и позавидат многумина.
Во кратките приказни на Инстаграм таа покажа и дел од плажата која изгледа како рај на земјата.
Елена важи за вистинска дама и убавица, а неодамна покажа дека убавината во нивното семејство е наследна.
Честитајќи го роденденот на нејзината помала сестра Кристина таа напиша емотивен статус, но објави и фотографија од неа, а многумина им порачаа дека изгледаат божествено.
-Денес точно во 17.25, пред многу години на свет дојде Катерина. Беше слатко бебе и моја омилена играчка, навечер кога ми беше страв ме примасе да спијам во нејзиниот кревет, имам лузна на коленото кога ме погоди со лажица. Ми кажува најтајни тајни, секогаш е најпаметна и мора да е по нејзино! Би патувала со неа и на крај на светот, нема полуда тетка за Илина и мојот свет без неа, ќе беше празно место. Среќен роденден!, напиша Елена.
Освен од сестрата сподели фотографии и од нејзината мајка, па повеќе од евидентно е дека двете девојки ја наследиле убавината од нивната мајка.
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм
ФОТО: Елена Стојановска/ Инстаграм