Тортата на Лидија Кочовска е хит на интернет – пејачката го сподели изненадувањето, сите збунето гледаа во овој детаљ
Македонската пејачка славеше роденден, но сите гледаа во нејзината торта.
Иако го славеше својот 46-ти роденден, Лидија Кочовска покажа дека „детето“ во неа сè уште не пораснало, а тоа го докажа и со изборот на торта.
Таа имаше торта со апликација на пилето „Твити“ од д познатиот анимиран филм „Силвестер и Твити“.
Одлучив никогаш да не пораснам“, напиша Лидија под објавените фотографии под кои исто така се редеа честитки.
Уникатна како и секогаш таа на интересен и забавен начин покажа всусшост каква личност е.
Сестрите Лидија и Тања Кочовски важат за едни од најталентираните дами во македонската јавност, а потекнуваат од многу познато музичко семејство.
Повозрасните ги паметат Невена и Панче Кочовски, кои беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико“, составот кој стана познат по обработките на латиноамерикански хитови.
Лидија и Тања често за нивните родители зборуваат со гордост и покрај тоа што во последните неколку години нивната мајка се бори со Алцхајмеровата болест.
На почетокот на годината пак Лидија објави и видео на кое заедно со своите родители ја пеат омилена празнична песна „Las maňanitas“ со која ги воодушевија сите.
„Нека ни е за многу години. Христос се роди. Паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. Сè уште солидно звучиме во троглас. Ве сакаме од срце. Среќен Божик“, напиша Лидија.
Лидија важи за една од оние кои приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, па затоа на прашање дали е вљубена таа вели дека секогаш, кога не постои одредена личност. Ако не е реална, тогаш мора да е имагинарна, вели во шега и откри дека би живеела и во вонбрачна заедница.
„По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер. Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“ рече таа во интервју за „Женски магазин“.