Македонската ТВ презентерка скршена од болка: На овој ден ми се сруши целиот свет
Таа е една од најпопуларните ТВ презентерки на македонската јавна сцена, жената која скоро секој ден ги пренесува дневните вести од зејмјата и светот на националниот сервис.
Гордана Ѓорчева важи за храбра и силна жена, која покрај сите животни искушенија, покрај многу лоши работи кои ги има доживеано, сѐ уште зрачи со ведрина и позитивна енергија.
Гордана инаку беше во брак со актерот Бранко Ѓорчев, кој битката со канцерот ја загуби во 2013 година.
Гордана често знае на социјалните мрежи да се потсети на него и да сподели по некој емотивен статус.
Тие важеа за еден од најскладните парови на јавната сцена, а по заминувањето на Ѓорчев од овој свет Гордана никогаш повторно не се омсжи ниту пак проговори за приватниот живот.
Целосно се посвети на својата кариера, а утеха најде кај својата ќерка Луција и внукот Вања.
Ова не е единствениот удар кој животот ѝ го нанел на Гордана.
На 19 години го изгубила својот татко во сooбраќajна нecpeќа.
На годишнината од неговото загинување таа напиша и емотивен статус преку кој се потсети на својот татко.
“27 Јуни 1990. На овој ден ми се сруши целиот свет. Животот ми доби сосема поинаков тек. Постојано брзаше, како да знаеше дека никаде нема да стигне. ТАТО”, напиша Гордана на Фејсбук.
Оваа година водителката доживеа нова трагедија и тоа на истиот ден кога почина нејзиниот сопруг.
На социјалните мрежи таа соопшти дека животот го изгубила и нејзината мајка.
„Мамичке моја, зар мораше во ист ден со Бранко. Неможно е, неможно е. Не можам да прифатам“, напиша таа.
Подоцна објави и фотографија со нејзините родители која што ја дополни со емотивни зборови:
„Убавица моја! Се надевам дека сега сте конечно заедно на некое поубаво место. Само тоа ќе ни биде утеха, прекрасни наши родители. Огромна болка!“, напиша Ѓорчева, која подоцна јавно го изрази својот револт за нехуманите услови во државна геријатрија, во кои се чуваат болните.
Најголем мотив за живот ѝ дава нејзината ќерка Луција, а најголема радост изминатиов период ѝ е внукот Вања со кој секојдневно споделува фотографии на социјалните мрежи.
Секој слободен момент Гордана го користи за да се дружи со Вања. Уживаат во прошетки во природа, прошетки низ градот, но и во убави семејни моменти.
Кога првпат го кренала Вања во рацете, таа почувствувала таква голема љубов што не би можела да ја опише со зборови.
„Па јас доживеав благослов од Бога да кренам во раце дете на моето дете. Па јас се растопив“ изјави таа и додаде:
„Откако Вања дојде на овој свет, јас сум во сосема друга димензија, за која немам објаснување“, изјави своевремено Гордана.
Повеќе нивни фотографии погледнете во продолжение: