Еве како изгледаа Мики и Светлана Црнокрак како млади – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ, посебно од свадбената фотографија
Нивните имиња се синоним за модата во Македонија, а многу млади манекени и манекенки изградија кариера благодарение на нив.
Мики и Светлана Црнокрак се препознатливо по уникатниот стил и убавина, а Мики кој е активен на социјалните мрежи еднаш покажа и како изгледал во младоста.
Имено тој се потсети на некое друго време односно извади фотографија од архива на која можеби нема да го препознаете.
На фотографијата тој е со црна коса, подолга коса, облечен во црно одело, а во описот на објавата напиша: „Од 20-тиот век“.
Гледајќи ја фотографијата евидентно е дека на Мики годините и тоа како добро му стојат, се чини дека со текот на годините изгледа се подобро.
Истото може да се каже и за неговата сопруга Светлана која пак изгледа речиси исто како пред 20 години.
Секако стиловите се многу сменети, но таа остана онаа иста згодна црнокоса која ја знаеме од пред многу години.
Светлана важи за жена која и мајка која зад себе има кариера која е за почит, една од првите манекенки во Македонија.
Таа важи за жена со неприкосновена убавина, а годините кои минуваат за неа се само број, а последните објави на нејзиниот фејсбук-профил го потврдуваат тоа.
Светлана својата кариера ја започнала на 18 години откако се појавила на „Мис на Македонија“, натпреварување кое за неа беше „отскочна штица“, а со својот сопруг се запознале на една модна ревија.
„Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше. Така функционираме и сега во однос на работата. Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото (бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми. Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата.“
„Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина, рече Светлана во едно интервју за „Хибрид“