Оваа убава девојка е ќерка на нашиот премиер – студира медицина во БУГАРИЈА и ќе биде првата докторка во семејството
Ќерката на премиерот е вистинска убавица, а се чини убавината ја наследила од нејзината мајка.
Алексаднра Заева често патува, но овојпат покажа дека е посветено работи за остварување на својата цел да стане докторка.
Таа објави фотографија од студентските клупи на болницата Лозенец во Софија каде студира медицина.
Нема сомнеж дека ќе успее во замисленото!
Александра матура славеше во 2019 година, а тогаш премиерот како горд татко не можеше да ја скрие среќата па на социјалните објави фотографија и напиша:
Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!-напиша Заев.
Јавноста имаше прилика да ја види Александра која блесна покрај својот татко облечена во црна долга креација.
По завршување на средното училиште таа изразила желба да студира медицина, по што се запиша на факултет во Бугарија.
Во едно интервју Зоран Заев за својата ќерка рече дека таа имала голема желба да стане докторка па затоа се запишала на медицина. Тој кажа дека за првпат во фамилијата Заеви ќе имаат еден лекар.
Заев објасни дека таа ја избрала Бугарија, а не Македонија зошто тука би била ќерката на премиерот, а не како обичен студент, а таа не сакала така да ја гледаат.
Оние што ја познаваат Александра велат дека личи на својата мајка. А такви се и коментарите под секоја фотографија што таа ја објавува. „Вистинска убавица“, „Копија на мајка си“, „Ќерка на македонскиот крал“ … се само дел од комплиментите за Заева.
Од фотографијата можеме да видиме дека Зорица на помлади години неверојатно потсетува на својата ќерка Александра.
Инаку Зоран и Зорица се познаваат многу одамна.
Тие како деца живееле во исто маало, зграда до зграда, а интересен податок е и тоа што едно време и двајцата работеле во фирмата на семејството Заеви.
Зоран и Зорица Заеви минатиот септември прославија 25 години од бракот од кои имаат две деца Александра и Душко.