Панчо од ДНК со емотивна порака ги трогна сите: „Другар, цела МАКЕДОНИЈА ти е благодарна, ти си идол на цела генерација“

Македонскиот хип-хоп изведувач Владмир Блажев, во јавноста позна како Панчо „ДНК“ е голем вљубеник на фудбалот.
Периодов додека фудбалерите на македонската фудбалска репрезентација играа во Европското првенство, му беше еден од најсреќните на познатиот музичар.
По повод Европското првенство во фудбал на кое за првпат учествува и македонската репрезентација ДНК снимија и песна
„Македонија на Европско“ е насловот на нумерата која доживеа официјална промоција. Во спотот покрај членовите на групата се учествуваат и фудбалери, спортисти, функционери, пејачи, артисти, интернет-ѕвезди, јутубери…

На третиот натпревар за Македонија на Европско нашите фудбалери играа против Холандија и беа поразени со резултат 3:0 за Холандија. Истовремено, ова беше последниот натпревар на македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
За Македонија, ова е првото учество на Европското фудбалско првенство, па и покрај трите порази на нашите фудбалери, сите сме особено горди на успехот кој воопшто го постигнаа.
Ја сплотија Македонија и сите ние во еден здив навиваме за нив.

Панчо во живо ги следеше нивните натпревари на трибините од каде испраќаше голема поддршка за нашите фудбалери.
На својот Фејсбук профил тој сподели фотографија со легендарниот Горан Пандев, кој најави дека ова му е последен натпревар во дресот на македонската репрезентација и кој најави дека ќе се пензионира.

„Другар, од дното на срцето ти благодарам за секоја секунда помината на зелениот терен, секоја капка пот пролеана за националниот тим, секој гол, секоја асистенција, секоја заедничка радост и тага, секој мотив што ни го даваше, го даваш и што понатаму ќе биде пример за многу сегашни но и идни генерации дека со напорна работа секој сон се претвара во јаве. Јас, но верувам и цела Македонска нација ти е благодарна за се што направи за Македонската репрезентација, Македонскиот фудбал но и промоција на татковината на која знам дека си неизмерно горд.

Ти посакувам само убавини во животот, посакувам да изиграш уште една сезона во калчо каде будно ќе го следиме твојот магичен “танц” на зелениот терен но и те задолжувам со една опроштајна утакмциа на градски пред преполн стадион, зошто ако некој заслужува да биде испратен како вистински ХЕРОЈ и ИДОЛ на цела една нација тоа дефинитивно си ти. Врвен фудбалер но што е најбитно ЧОВЕК пред се.
Ти благодарам од срце бато Гоки.
Поздрав до НАЈДОБРИОТ ГОРАН ГРАНДЕ ПАНДЕВ“, напиша Панчо.

Инаку историскиот пласман на македонските фудбалери на европско го мотивираше Панчо да направи тетоважа посветена на момците од репрезентацијата.
Тој на својата нога ги истетовира имињата на сите членови на репрезентацијата.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја донесоа оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши. МАКЕДОНИЈА на Европско 2021“, напиша Панчо, во опис на фотографијата.













