Една госпоѓа ја праша Лила Филиповска дали е во климактepиум, па ВОДИТЕЛКАТА жecтоко pacпали по неа на Инстаграм
Ваков коментар никој не очекуваше
Лила Филиповска е една од нашите најпознати водителки, а деновиве повторно и се врати и на старата љубов.
Имено, по повеќе од 20 години од објавувањето на својата прва песна „Ти верував докрај“, кој беше објавена во 2000 година, шармантната водителка снимаше дует со Филип Пешевски од кој се роди песната „Тешко мене со тебе“.
Тие објавија и видео запис, кој вчера го промовираа, а моменти од спотот и промоцијата Лила објави на социјалните мрежи.
Но една од нејзините објави очигледно и засмета на една госпоѓа која реши јавно да и порача што мисли.
Имено, таа на социјалните мрежи , под видеото на кое Лила носи виклери и има супер фризура, и порача:
„Зар не те фатил уште климаксот, и ти си веќе 50 години!“
По ова следуваше одговор од Лила, а на нејзината страна застана и нејзината некогашна колешка која пред неколку години замина од Македонија, Хелена Роза.
„’Сала’? ‘Сала’? Хахаха.. па каква е оваа глупава шала? Мислиш дека некој ќе ти поверува? Ајде доста беше, си ја покажа ти свеста и дека и понатаму за жал жена на жена е волк“, и порача водителката.
Таа потоа и се обрати и на Хелена Роза, на која:
„Батали срц, прости сме, не разбираме ‘сала’“.
Инаку, Лила дефинитивно важи за жена за која годините се само бројка, а тоа впрочем и го кажуваат и фановите.
Тие беа воодушевени и од ова нејзино издание во кое водителката изгледа минимум десет години помладо.
Таа со новата фризура едноставно зрачи, а на нејзиното лице може да се види колку е среќна.
Лила со мала промена драстично го промени и освежи изгледот, а одлично изгледа и во новиот спот.
Детали од него погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска