Реклама
Наши ѕвезди

Оваа убавица е ќерка на фолк-пејачката Сузана Спасовска – не сака да се експонира, се омажи и ретко се појавува во јавноста (фото)

Реклама

Ќерката на македонската фолк дива Сузана Спасовска е вистинска убавица.

Нашата Сузе или македонската Лејди Гага отсекогаш била пред времето и уште на почетокот на својата кариера беше поразлична од другите и се појавуваше во ексцентрични сценски костими, какви македонската публика дотогаш немала видено.

Маркетинг

Уште веднаш се стекна со огромна популарност во Македонија, но и регионот.

ФОТО: Сузана Спасовска / Фејсбук

Гостувала речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински – Загреб, Цанкарјев дом – Љубљана, Брукс центар – Мелбурн, Опера хаус – Сиднеј и др.

Маркетинг

Нејзина најголема мотивација целиот нејзин живот е нејзината ќерка Теона.

Сузе никогаш не била во брак, а ќерката ја има добиено во вонбрачна заедница.

ФОТО: Сузана Спасовска / Фејсбук

Теона ја добила со партнер кој заминал кога нивната ќерка имала само 1 година и никогаш повеќе не го виделе.

Мора да се признае дека Теона сега порасна во зрела жена, која со својата убавина го одзема здивот.

Теона е во брак со Виктор Велковски кој ја запроси во јануари 2019 година.

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

Сите медиуми пишуваа за нивната свадба.

Тие имаа убава и весела свадба, а покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време играше и пееше.

По повод свадбата на нејзината ќерка, Сузе облече елегантен црн фустан со сребрени светки и широки ракави во форма на ѕвоно накитени со пердуви.

ФОТО: Сузана Спасовска / Фејсбук

Во прашање е свечена тоалета која дефинитивно би и стоело убаво на секоја дама, а нашата фолк пејачка го носеше со големи, висечки обетки, децентна шминка и тренди фризура кои и се заштитен знак.

Гордата мајка ги сподели своите импресии и на социјалните мрежи.

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

„Експлозија од емоции!!! Се трудиш да ги сокриеш ама кога ќе се помешаат и радоста и тагата заедно, тоа не се сокрива. И, си плачевме и си пеевме… Среќо мајкина, среќо мила мајкина, сега тој ќе те чува, ќе те гледа довека…

Среќо мајкина среќо мила мајкина, и за скоро да ви видам куќа полна дечиња, зете чувај јааа.“ напиша Сузана и додаде:

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

„Велат, веселите луѓе, а особено музиката, ја прават веселбата. Драги колеги Енерџи Бенд и драг колега Ѓоко Јовиќ, ви благодариме што го дадовте својот максимум на нашата семејна веселба за Теона и Виктор! Енергијата што ја посеавте сеуште ја чувствуваме меѓу нас и долго ќе го паметиме тој прекрасен ден и неверојатно веселата вечер. Навистина ви прилега името ЕНЕРЏИ (Енергија).Бидете распеани, насмеани и луди ко што сте, не менувајте ништо,хахаа…такви ве сакаме.

П.С.Благодарам Аце за тоа највеселата баба,хахааа.“ додаде познатата фолк пејачка на социјалните мрежи.

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

Инаку Теона не тргна по стапките на својата мајка и воопшто не сака да се екпонира во јавност. Токму затоа таа ги изненади сите кога одлучи да се појави во спотот на својата мајка, снимен за песната „Дали знаеш ти“.

Минатата година таа својата мајка ја направи најсреќна жена на свет. Сузе доби нова животна улога – стана баба.

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

Среќната баба на својот Фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша:

„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“, напиша пејачката на социјалните мрежи.

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

Теона е доста активна на сцоијалните мрежи, каде споделува и фотографии од нејзиното семејство.

Целото внимание на фотографиите секако го одземаа малата Клара која е преслатка.

Погледнете во продолжение:

ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук
ФОТО: Теона Спасовска Велковски / Фејсбук

Фото: Фејсбук, Сузана Спасовска

Фото: Фејсбук, Сузана Спасовска

Фото: Фејсбук, Сузана Спасовска

Фото: Фејсбук, Сузана Спасовска

Фото: Фејсбук, Сузана Спасовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button