Тања и Лидија Кочовска се горди на неа: Еве како изгледаше мајката на ОМИЛЕНИТЕ СЕСТРИ од Македонија во својата младост!
Сестрите Лидија и Тања Кочовски важат за едни од најталентираните дами во македонската јавност, а потекнуваат од многу познато музичко семејство.
Повозрасните ги паметат Невена и Панче Кочовски, кои беа дел од легендарниот ансамбл „Мањифико“, составот кој стана познат по обработките на латиноамерикански хитови.
Лидија и Тања често за нивните родители зборуваат со гордост и покрај тоа што во последните неколку години нивната мајка се бори со Алцхајмеровата болест.
Семејството поминуваше низ тешки моменти, а имаше и ситуација која Невена беше изгубена, па семејството за нејзино пронаоѓање бараше помош и преку социјалните мрежи.
Тања Кочовска на својот профил на Фејсбук објави фотографија од својата мајка, која тоа утро излегла од домот во 9.30 часот и оттогаш не се вратила.
Сепак за среќа таа се врати дома кратко по објавување на Фејсбук апелот.
Тања во едно интервју за „Репортер“ зборување за тоа колку на овие лица им е потребна помош и рече дека Алцхајмер е болест на целото семејство, и навистина е тешко, но помага целото семејство.
„Прво, нема дневни центри, како насекаде во Европа. Затоа ѝ предложив на д-р Габриела Новотни, која со години се залага за ова, да направиме една кампања, за да ја подигнеме свеста за оваа болест. Оваа болест се нарекува фамилијарна болест и затоа е многу тешко кога во семејството некој е болен од Алцхајмер. Сите сме на нозе.“
„И наместо да имаме специјализирани екипи во дневните центри, јас морав да алармирам на ’Фејсбук‘“, да ми се помогне да ја најдам. Треба да се подигне свеста дека постојат места за згрижување лица со Алцхајмер. Мислам дека во таа кампања ќе се вклучат многу активисти, затоа што имаме сè повеќе вакви случаи“, раскажува актерката Тања.
На почетокот на годината пак Лидија објави и видео на кое заедно со своите родители ја пеат омилена празнична песна „Las maňanitas“ со која ги воодушевија сите.
„Нека ни е за многу години. Христос се роди. Паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. Сè уште солидно звучиме во троглас. Ве сакаме од срце. Среќен Божик“, напиша Лидија.
Лидија важи за една од оние кои приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, па затоа на прашање дали е вљубена таа вели дека секогаш, кога не постои одредена личност. Ако не е реална, тогаш мора да е имагинарна, вели во шега и откри дека би живеела и во вонбрачна заедница.
„По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер. Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација“ рече таа во интерви за „Женски магазин“.
Лидија Кочовска неодамна откри и дека понекогаш Невена не го препознава нејзиниот сопруг, Панче Кочовски, или ги заборава имињата на Лидија и Тања, но никогаш не заборава дека се нејзини ќерки, а исто така и дека се случува да се сети на текстовите од песните што ги пеела.
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук
Фото: Принтскрин
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Екран
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук
Фото: Фејсбук