Реклама
Наши ѕвезди

Се прошета низ скопските улици и нема некој што не се сврте по неа – ПОГЛЕДНЕТЕ го ова опасно издание на познатата водителка

Реклама

Издание како за насловна страница

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Убавото топло време полека, но сигурно ни пристигнува, па претставничките на понежниот пол можат да експериментираат со своите модни пролетни комбинации и весели бои.

Тоа впрочем можеме да го забележиме и на нашите улици, каде преку ден врворат нашите прекрасни убавици кои маѓепсуваат на секој чекор. И додека раните утрински часови и вечерните се уше се свежи, преку ден знае да биде навистина жешко, па и девојките носат се покуси изданија.

Маркетинг

Тоа впрочем можевме да го видиме и кај Лила Филиповска која што деновиве позираше низ улиците во Скојпе

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Таа одлучи да облече преубав црвен фустан, воодушевувајќи ги минувачите кои во тој момент беа во близина.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фустанот е со тесен крој, со долги ракави и должина над колената, па во центарот на вниманието беа убавите нозе на Лила.

Шармантната водителка со фустанот носеше шик сандали со високи потпетици и тенки ремчиња, а целото издание го заокружи со кармин во исто таква страсна црвена боја, тренди очила за сонце и преубава фризура.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

„Црвено за среќа“, напиша Лила во коментарите, а фановите и порачаа дека изгледа прекрасно во ова издание.

Какви фустани да носиме оваа пролет?

Без разлика дали се елегантни, сведени или женствени, фустаните се едно од омилените и најпосакуваните парчиња во плакарот на секоја дама.

Што се однесува до трендовите, оваа сезона во мода се моделите со отворен грб, потоа тесните и кусите кроеви, како и оние направени од прозрачни материјали.

Тесните црвени и црни фустани и оваа пролет се најбрзото решение кое ќе ве однесе во центарот на вниманието, а голем хит се и моделите со „кат-аут“ детали како и неодоливите „слип“ модели од сатен.

Преглед на сите трендови кои ќе бидат ИН во следните неколку месеци погледнете во галеријата што следува:

ТЕСНИ ЦРНИ МОДЕЛИ

Ако сакате да изгледате фатално покрај црвените модели изберете и црни тесни фустани. Најпосакувани се лелеавите материјали, кои често се и транспарентни, со многу кат-аут детали или од секогаш актуелниот сатен. Најмногу внимание привлече слип фустанот од „Jacquemus“ кој моментално важи за еден од најпродаваните модели.

H&M

Zara

Jacquemus

„ПАФ“ РАКАВИ

Овој тренд можете да го носите како во лежерни дневни комбинации, така и во најелегантните вечерни изданија.

Bottega Veneta

Zara

РАЗИГРАНИ ДЕЗЕНИ

Bershka

Не е важно дали ќе изберете цвеќиња, риги, листови или туфни, важно е сако да се во разиграни бои.

 

Mango

ПЛЕТЕНИ ФУСТАНИ

Овие модели ќе бидат во тренд во текот на цела 2021 година.

H&M

Zara

Guess

ОТВОРЕН ГРБ

Неодоливите „кат-аут“ детали и оваа година се еден од најпосакуваните трендови.

Rowen Rose

Galvan

Zara

„ПИНК“ МОДЕЛИ

Фустаните во розова боја дефинитивно се најзастапени во колекциите за пролет/лето 2021 што не не изненадува, затоа што повеќето од овие модели се направени за време на деновите кога бевме во карантин, па оваа впечатлива боја како симбол на радоста и оптимизмот, за многумина ќе биде совршен избор за месеците што следуваат.

Warehouse

H&M

Bershka

ПРОЅИРНИ ФУСТАНИ

Проѕирните ткаенини претставуваат совршен контраст на сето она што го носевме во изминатиов период, па најверојатно тоа е и главната причина за се поголемата популарност на ваквите романтични и неодоливи модели.

Shrimps

H&M

Cecilie Bahnsen

ИНСИРИРАНИ ОД ДOЛНA OБЛЕКА

Многумина можеби ќе ги превртат очите кога ќе го слушнат овој тренд, но ако нешто научивме во 2020, за време на пандемијата, тоа е дека животот е премногу краток за да не си дозволиме, барем понекогаш, да не бидеме во нашето најпровокативно издание. Сличен тренд беше хит и во 90-тите, а очигледно е дека модата од оваа генерација и понатаму останува главна тема за повеќето дизајнери.

Alexander Wang

И доколку сметате дека морате да имате совршено тело за овој тренд, погледнете ја последната ревија на се попознатиот моден бренд „Jacquemus“ и ќе видите дека и многу „плус-сајз“ модели се прошетаа во вакви фустани.

Zara

Alexander Wang

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button