Охридската Гранд ѕвезда ги расплака мајка му и тетка му со песната „МАКЕДОНИЈА“ – фановите разочарани од гласањето
Ова беше едно од најтешките гласања во музичкото шоу
Александар Јосифовски и Садик Хасановиќ им зададоа навистина тешка задача на жирито оваа сабота.
Натпреварувачот од Македонија, Александар Јосифовски, кој е кандидат на Ѓорѓе Давид се претстави со песните „Кад заборавиш јули“ и „Македонија“, а натпреварувачот од тимот на Марија Шерифовиќ, Садик Хасановиќ, со „Зарасле су ране моје“ и „Жена са заленим очима“.
По гласањето резултатот беше изедначен, шест–шест, а по прегласувањето Садик доби повеќе поени.
Со ова Садик помина директно во полуфиналето, додека Јосифовски оди во бараж.
Тој сепак доби шест гласа од жирито, што воопшто не е за потнецување.
Но од резултатот не беа задоволни многумина на социјалните мрежи кои му дадоа поддршка на Александар и му порачаа дека е најдобриот пејач во ова музичко шоу.
„Беше најдобар, но калкулирањето доведе до твоето испаѓање… Карлеуша објасни убаво. Браво за сите настапи“, „Момче, се исплашија да не победиш ако дојде ред публиката да гласа. Ти си вистинскиот победник“, „Ти си нашиот победник, најдобар беше“, беа само некои од коментарите.
Инаку во коментарите се јави и неговата мајка, Елизабета Неданоска Јосифовска, која му порача дека е „крал над кралевите“!
Како гласаше жирито
„Музиката и само музиката беше она што ме натера да гласам за вториот кандидат. И двајцата беа одлични, одлични пејачи“, изјави Снежана Ѓуришиќ по настапот на кандидатите.
Јелена Карлеуша бидејќи гласаше за Јосифовски, таа застана на негова страна и му даде поддршка.
„Најдобриот музички рок вокал на овој натпревар. Александар тоа го докажа и го покажа. Момче, никој не може ни да ти се доближи. Тој никогаш ниту еден фалш нема направено во шоуто“, изјави Јелена Карлеуша.
Вики Миљковиќ исто така сметаше дека Садик не требаше да добие шест гласа, дека имал грешки и дека му фалела енергија. Но останатите членови на жирито не се сложија со неа, а Саша Поповиќ дури и кажа дека никој не ја отпеал толку добро првата песна како Садик.
Иако кандидатот број два има маани, Јосифовски многу испрекинато ја пееше втората строфа кај „Бело дугме“, па затоа на Садик му даде предност, иако и на неговиот настап имаше замерки, изјави Ана.
Таа дури и запеа за да му покаже на Јосифовски каде згрешил.
И Босанац го делеше мислењето со неа и кажа дека нема да гласа во вториот круг за Садик ако не се поправи.
Инаку, натпреварувачот од Охрид во студиото дојде со неговата мајка, која исто така е пејачка, и тетка му.
Камерите го забележаа и моментот додека тој ја пееше песната „Македонија“, како мајка му и тетка му со насолзени очи го следат неговиот брилијантен настап.
Мајка му на Александар е познатата фолк пејачка Елизабета Неданоска Јосифовска која му е најголема поддршка.
Фото: Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски