Реклама
Наши ѕвезди

„Македонци, освестете се! Не може на еден Албанец помила да му е МАКЕДОНСКАТА МУЗИКА“ – Спасен пак pacпали на Фејсбук!

Реклама

Пaндемијата со коронавирусот полека спласнува.

Во дневните статистики на Министерството за здравство во Македонија има сѐ помалку овозаразени, хоспитализирани и починати пациенти.

Маркетинг

Започна и масовната вакцинација во земјава и на чекор сме до стекнување на колективен имунитет.

Во моментов има помалку од 500 активни случаи во целата земја. Владата на Македонија, го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и од 1 јуни се укина носењето на заштитна маска на отворено, се укина забраната за групирање, а се дозволи и организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса, соопштија неодамна од владата.

Маркетинг
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

Ова беше одлична вест за музичарите за кои започнува летната сезона со свадби.

Пејачот Спасен Сиљаноски, кој е еден од најангажираните на македонската музичка сцена веќе започна со закажување на обврските.

Тој е доста активен на социјалните мрежи, каде често директно упатува критики до луѓето чии постапки и одлуки не му се допаѓаат. Тој и сега се огласи и ги искритикува сите Македонци кои бараат српска музика да се свири на нивните свадби.

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

„Со почит кон сите соседни музичари, сите наши музичари во кој сум сигурен дека има голем потенцијал, но дајте да бидеме свои на своето, дајте кога ке правиме македонска свадба таа нека биде македонска. Немам апсолутно против да се испее по малку од се друго, но имам против да се испее малку македонско, а останатото да биде се друго“, гласи дел од статусот на Спасен кој веднаш предизвика бура реакции кај публикат, незадоволна од она што тој го кажува.

Токму затоа, тој одлучи уште еднаш да се огласи и да им појасни на сите на што точно мислел:

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

„Ова е последно нешто кое што би сакал да го напишам во врска со мојот фејсбук статус што беше објавен пред неколку денови и пренесен од огромен број портали. Текст во кој не навредив лично никој, не навредив ниту вера нити нација нити пак на некој му наредив или пробав да го убедам каква музика да слуша. Го напишав мојот личен став и моето лично мислење и убедување во одност на дискриминацијата на нашата Македонска музика посебно од САМИТЕ СЕБЕ. При тоа напишав дека лично јас почитувам и слушам музика од секоја нација и култура и музика од секаков жанр, се разбира доколку сметам дека лично ги задоволува моите вкусови и критериуми. Но исто така напишав дека несвојствено е на една МАКЕДОНСКА прослава да се слуша секаква друга музика освен македонската.

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

„И на тој став останувам сега засекогаш и во вечни векови. И покрај сето тоа наидов на огромен број критики и навреди и тоа посебно од МАКЕДОНЦИ, А зошто? Затоа што ги искажав моите чувства кон нашата музика, затоа што застанав во одбрана на нашата Македонска музика. Значи НАШАТА, не мојата туку нашата Македонската, Музиката на која ни завидува цел свет, музика која сака да ни ја присвојат многу наши соседи. И повторно повторувам при тоа потенцирајќи ја почитта кон музиката од нашите соседи“.

„Критиките и навредите кои ги добивав од другите нации ги занемарувам иако и тие не се во право но очигледно не го прочитале во целост мојот текст во кој го искажувам моето почитување кон нивната национална фолк музика… Но неисе. Најчудно ми беше тоа што наидов на критики и навреди од голем број “Македонци”… Затоа што сум напишал дека треба најпрво да си го почитуваме она нашето, а секако после има место се се друго“, вели Спасен.

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

„Не може на еден Албанец српската или Мк музика да му биде помила од албанската. Може да ја почитува но не може да ја сака како својата. Не може за еден Србин повредна да биде македонската или грчката музика, од сопствената од српската. Може да ги почитува но не и да ги сака како својата.. И тн… тн. ЕХ кај нас ете можело. Можело туѓата музика да се сака повеќе од својата. Наидов на коментари замислете дека македонската музика била само за на погреб, коментари од Македонци. Голем дел од коментарите беа дека тука се работи за вкус. ОК се сложувам дека за вкусови не се разговара, но овде не говориме за банана и мандарина“ пишува Спасен и додава:

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

Јас ве прашувам дали вашето дете ви е помило од детето на комшијата, а вие ми одговарате: епа тоа е прашање на вкус.

За крај.. Всушност тоа и ми беше поентата на овој текст,..

„За сите вие Македонци кои се срамите од своето, кои го негирате своето, а го величите туѓото… Ќе дојде ден (кој не го посакувам) кога ке копнеете да слушнете Македонска музика, а нема да ви биде дозволена…“

„Исто како што нашите браќа од Егеј не смееја да говорат, да пејат, дури ни да плачат на македонски“.

„Освестете се додека има време, не се срамете од тоа што сте. Гордеете се со тоа. Кога ќе го почитувате она вашето она што сте, тогаш ќе има место во вашето срце за да сакате и почитувате се останато……

На тие што ќе го разберите овој текст ви благодарам и мило ми е, на останатите Бог нека ви е на помош и нека ви даде разум и смирение. Со почит кон сите, Спасен Сиљаноски.

П.С.

Текстот е дозволен за пренесување на сите портали под услов да се пренесе објективно и детално како што е напишан“, го завршува своето обраќање Спасен.

ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук
ФОТО: Спасен Сељаноски / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button