Еве како изгледаат мајката и таткото на една од најубавите водителки во МАКЕДОНИЈА – што мислите, на кого личи повеќе?

Јована Стојменовиќ секое утро ја гледаме на утринската програма на фрекфенцијата на Сител телевизија.
Важи за една од најубавите и најзгодните водителки на македнската ТВ сцена.
Секогаш ведра, насмеана, елегантна и одмерена, влева доверба кај гледачите.
Зрачи со смиреност и остава впечаток како сѐ што прави, да го прави со леснотија.
Очигледно е дека Јована премногу си ја сака својата работа, па токму поради тоа и долго трае на сцената и е една од омилените на публиката.

Освен грижата за себеси, кај Јована, „виновник“ за добриот изглед се и гените. Тоа публиката може да го заклучи откако ќе ги види нејзините родители.
На социјалните мрежи е доста активна, а понекогаш знае да сподели и семејни фотографии.
На Инстаграм таа има објавено фотографии и од нејзините родители. По повод родендените на мајка ѝ и татко ѝ таа сподели нивни слики.

Она што фановите веднаш го забележаа е од кого водителката ги наследила стасот и убавината.

За приватниот живот на водителката не се знае многу, однсно само тоа што таа го има кажано во јавност.
Јована вешто го крие својот приватен живот и никогаш јавно не го покажала својот сакан.
Она што за неа се знае е дека е во долга врска, а во неколку интервјуа има истакнато дека се чувствува како да е во брак.

На нејзината убавина никој не останува рамнодушен. Заштитен знак е нејзината долга коса. Долгата коса никогаш не излегува од мода, а одителката често знае и да ја освежи со нови нијанси, прамени и шишки.
Иако е манекенски градена, Јована секогаш е умерена во однос на изгледот, но минатото лето ги изненади следбениците со фотографии во костими за капење.
„Не ми треба филтер и баш ми е гајле“, пишува Јована за фотографијата каде позира оптегната под сонцето.

Инаку, шармантната Стојменовиќ скоро 15 години е дел од утринската програма, а самата работа носи стрес и непредвидливост, со оглед на тоа што секојдневно се соочува со различни профили на луѓе кои се јавуваат во емисијата.
„Притисокот е голем, пред се поради одговорноста кон респектираниот медиум – ТВ Сител и големиот број гледачи, но, засега, успешно се справуваме со секоја непредвидена ситуација. Се случувало да се запали пластичен чајник на рингла и да се зачади целото студио на две минути пред почеток на студискиот дел во живо или на некого од гостите да му се слоши од трема и тоа само момент пред настап… но, шоуто секогаш мора да продолжи и никој да не забележи ништо пред екраните“, вели водителката во интервјуто за Гламур.

Освен тоа таа мора секојдневно рано да стане и денот да го започне додека сите ние спиеме.
„Секоја работа има своја тежина, најважно е да сте професионалец, но и позитивно да гледате на нештата, па да ги пронајдете предностите на секоја ситуација и работен ангажман… Точно е дека се будите ненаспани, но стасувате на работа за тројно пократко време поради празните скопски улици рано наутро. Уживате во изгрејсонцата, а и завршувате со работа во термин кога останатите прават пауза за оброк… За дотерувањето и концентрацијата, се е до добрата организација и вештини кои ги развивате со текот на времето“, изјави Јована во интервју за Гламур.
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм

ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм
ФОТО: Јована Стојменовиќ / Инстаграм


