Интелигентна, храбра и природна: Димитар Апасиев е оженет со вистинска убавица – еве како уживаат кога се заедно!

Македонскиот политичар Димитар Апасиев е оженет со вистинска убавица. Таа зрачи со надворешна, но и со внатрешна убавина.

Апасиев е универзитетски професор и претседател на македонската политичка партија Левица.
На парламентарните избори во 2020 година е избран за пратеник во македонското Собрание откако неговата партија за првпат освоила две пратенички места, воедно придружуван од Борислав Крмов.
Апасиев е роден на 22 Септември 1983 година во тогашен Титов Велес, СФР Југославија.

Апасиев моментално е вонреден професор на Правниот факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“ во Штип – Катедра за граѓанско право. Предава: Римско право, Историја на правото, Философија на правото и Судска реторика. Претходно, пет години бил доцент, една година бил асистент-докторанд, три години бил помлад асистент на штискиот Правен факултет при Државниот универзитет „Гоце Делчев“.
Апасиев пет години работел како демонстратор на Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Апасиев е автор на голем број книги и монографии, вклучително и над 50 академски написи и трудови.
Тој е еден од водечките политички активисти на Движењето за социјална правда „Ленка“, како и основач, член на Президиумот и прв претседател на Политичката партија Левица, основана во ноември 2015 година.
Доста е активен на социјалните мрежи, но и на собраниската говорница е еден од најгласните пратеници, кој секогаш е на страната на народот.

Токму затоа собра симпатии од граѓаните.
Апасиев од 2017 година е во брак со Тамара Јованов.
Иако жените на политичарите се секогаш во нивна сенка, тоа не е случај со Тамара.
Таа е успешна жена со богата кариера зад себе и нејзината професија не е само „сопруга на политичар“.

Таа е професорка на Економскиот факултет во Штип.
И Тамара и Димитар често знаат да споделат и семејни фотографии, на кои може да се види дека станува збор за едно хармонично семејство кое живее еден нормален живот како секој од нас.
Нивните семејни фотографии се доказ дека сопругата и детето се прибежиште за лидерот на Левица.

Плод на љубовта на Тамара и Димитар е нивниот син Исак.
Тамара на социјалните мрежи пред извесен период напиша дека и покрај тоа што Исак има две ипол години, таа сѐ уште го дои и испрати моќна порака до сите жени кои го осудуваат доењето на децата после првата година.
Доењето во јавност, за жал, се уште често се поврзува со невкусно покажување на дојките во јавност.
Многу мајки или жени кои имале прилика да видат мајка која дои сигурно ќе потврдат дека доењето во јавност исклучително ретко изгледа како невкусен чин.

„Во државава многу жени се противници на доење на детето во јавност. Не било убава глетка. Дома да си седеле? А не им пречат децата што просат на улица или ѓубрето расфрлано насекаде или исеченото зеленило и бетонот. За тоа не коментираат. Тоа им е таман глетка? А и не е толку чудно, кога ќе видиш дека мизогинијата во голем дел произлегува од нив. Со тој памет, добро е што и дотука сме стигнале ко држава.
П.С. За таквите, поздрав од мене и моето дете – има 2,5 години и уште го дојам (и во јавност). Свртете глава ако не ви чини глетката“, напиша таа.

Апасиев често знае да сподели и романтични објави поврзани со неговата сопруга.
Со една негова објава тој ги воодушеви сите.
„Ми викаат: Брат, абе како издржуеш у оваа калакурница?
Им викам: Брат, абе дома имам СТОЛБ“, напиша Апасиев во опис на заедничка фотографија со сопругата.












