Ула од Преспав во издание во какво ја немате видено досега – „горат“ социјалните мрежи од новиот имиџ на познатата пејачка
Тијана е жена со извонреден талент за пеење и глума, а овој пат изненади и со својот необичен стајлинг.
Тијана Дапчевиќ иако е позната по својата кратка коса сега направи промена и објави фотографија во сосема поинаков стил од тоа што сме навикнати да ја гледаме.
Имено облечена во широки женствени панталони и кратка маичка и косата врзана во реп со додаток изгледа речиси непрепознатливо.
Објавата за кратко време собра многу лајкови и еден куп комплименти.
Дапчевиќ е позната по андрогенот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, па затоа вакви изданија за неа се нови и изненадувачки.
Тијана одлично се снаоѓа во музиката, но во последно време со улогата на Ула во познатата македонска серија „Преспав“ докажа дека глумата и е силна страна.
Со текот на годините Тијана воопшто не се промени, па некогаш се чини дека годините ја прават се поубава и позгодна.
Таа е во брак со Милан Дапчевиќ го имаат синот Вук со кој ужива и се гордее.
Вук неодамна наполни 12 години, а по тој повод гордата мајка сподели емотивна објава на Инстаграм и неколку фотографии.
„Најмил на мајка. Среќен 12 – ти роденден, да си жив, среќен и паметен, тато и мама те сакаат до небото и ѕвездите, и до зад аголот на универзумот“ – стоеше во описот на објавата.
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ
Фото: Инстаграм/ Тијана Дапчевиќ