Сопругата на Момо Николоски неутешна и по 2 години откако го нема – тешката болест и го зеде, нема никогаш да го заборави!

Иако повеќе го нема, споменот на големиот македонскиот пејач засекогаш ќе живее во срцата на неговите најблиски и верните фанови.
Момо Николоски својата кариера ја започна во Струга, со изведување на забавна музика, а потоа продолжи со пеее на народни песни.
Зад себе има многу хитови, евергрини, кои и помладата генерација ги знае и пее на прославите и веселбите кои никако не поминуваат без неговата музика.
Негови хитови се „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“ и многу други.

Неговата сопруга, психологот Валбурга Батева Николоска беше цел живот негова најголема поддршка и придружба насекаде.
Кон крајот на 2018 година на Момо му беше дијагностициран paк на жeлyдникот.
Веста за неговата болест ја потресе целата естрада, а неговите колеги организираа и хуманитарен концерт за да му помогнат да собере финансиски средства за лeкyвање во странство.

„Сме надминале многу проблеми, животот никогаш не не галел многу. Кога се враќам наназад, за себе можам да кажам дека секогаш сум бил одговорен во врска со здравјето, никогаш не сум консумирал алкохол, дури и не го поднесувам, а веќе неколку години не пушам. Но, она за кое што сметам дека во најголема мера допринело да се разболам е шеќерот. Јадев многу, навистина премногу благо, исто така внесував и многу млечни производи. Секако и стресот има голема улога, но според мене, дефинитивно слаткото е најголемата причина за мојата болест“, изјави тогаш пејачот.

Неговата сопруга беше личноста која секогаш јавно зборуваше за неговата здравствена состојба, бараше помош и поддршка за неговото лекување.
„Момо е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето.“
„Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката – напиша неговата сопруга на „Фејсбук“.

Но, за жал пејачот не ја извојува последната битка. На 3 јуни 2019 година си змина од овој свет.
Тажната вест ја објави на Фејсбук неговата сопруга, а семејството и пријателите испраќаа пораки за сочувство.
„Ти и јас немаме крај“, напиша таа под фотографијата која ја објави и им се заблагодари на сите пријатели кои помогнаа за лекувањето на Николовски.
Болката не поминува
Две години откако го нема, а Валбурга сѐ уште е неутешна. Таа е доста активна на социјалните мрежи, каде се труди исто така да го зачува споменот за Момо.
Таа неодамна се огласи на Фејсбук каде што раскажа една своја лична приказна и најави што ќе прави во иднина.
„Далечна 1997 година – некоја сосема друга Буги, млада, насмеана и полна со ноти во душата. Првпат се охрабрувам да пратам комплетно моја композиција на конкурсот за Скопје ’97 и – прв шoк!

Ме бара на телефон (фиксен, секако) големиот Димитар Масевски, тогашен директор на фестивалот и ми вели: “Не знам која сте, Валбурга, но зошто сте чекале досега да се активирате како автор?
Песнава е хитовска и ќе му ја дадеме на еден од најголемите таленти во моментов, се вика Ѓоко Танески и оваа песна ќе го вивне кон врвот на музичката сцена.”
Вториот шок уследи во Универзална сала – од двете полуфинални вечери, “Само љубов” во финалето влезе со далеку најголем број на гласови од публиката и се изведе последна. Каков аплауз беше тоа! Се уште ми ѕвони во ушите, верувајте. Нормално, песната си доби награда, а јас, одејќи кон бината да ја примам, си помислив дека никогаш нема да се откажам од создавањето музика.

Истата таа 1997, оваа песна се испеа во новогодишната програма на МТВ точно на полноќ, како химна на љубовта и надежта за следните 365 дена.
Ја испеаја сите учесници во прекрасна хорска изведба, а мене душата ми трепереше додека го гледав своето “чедо” како се лее од грлата на насмеаните пејачи. Од оваа перспектива, после речиси 24 години, одново сфаќам дека музиката е дел од мене и дека вирее во секој атом од моето тело.
„И дека следната песна, (во подготовка) напишана за мојот Момо, која ке ја испее прекрасната Сузана Турунџиева во аранжман на нашиот мил Сашо Ливрински, ќе биде уште еден доказ за тоа“ пишува таа.

„Уште нешто: сè уште верувам дека само љубовта ке нė спаси, но не расфрлана дарежливо секаде и врз секого, туку дарена како нешто драгоцено за оние што знаат да ја почитуваат.
Последниве две години научив една грандиозна лекција, секако, на најболниот можен начин (постои ли воопшто друг?)“.
„Љубовта треба да се заслужи, џабе ја фрлате пред нозете на некадарници, неблагодарници, лицемери кои се тука само додека имаат корист од вас, а сте ги носеле на грб и сте немале за нив збор НЕ!“ пишува Валбурга на Фејсбук

Се уште ќе помагам секаде каде што треба, најмногу на оние што имаат помалку пари и здравје од мене, но ете, конечно решив дека е крајно време да се сакам и СЕБЕСИ.
Како што велевме со Момо: јас и ти против цел свет.
Сега сама продолжувам напред, посилна од она што не ме у би, спремна после се, да се борам ЗА БУГИ. Против сето зл о. Против сета алчност.

Против секого што ќе ми стапне на раната. Против сите што во себе немаат барем една трошка ЧОВЕЧНОСТ.

Секако, САМО ЉУБОВ ќе имам за сите останати. Драги мои, прво сакајте се себеси, за полесно да ги сакате другите. Останувам тука за вас, малку видоизменета (некој би кажал полоша), малку постара и поболна, секако многу поумна и дефинитивно – посилна од предизвиците.
Со љубов, вашата Буги. АЖУРИРАНО: Демо верзијата сама си ја пеев во најдоброто студио на Балканот, кај Валентино Скендеровски“, објави сопругата на легендарниот Момо Николовски.

ФОТО: Принтсрин
ФОТО: Принтсрин
ФОТО: Принтсрин
ФОТО: Принтсрин
ФОТО: Принтсрин
