Јелена Розга КОНЕЧНО среќна – Пејачката ужива во ЉУБОВТА со новото момче, еве со што се занимава Иван!

Ужива во љубовта!

Пејачката Јелена Розга, како што пишуваат тамошните медиуми, веќе некое време е во врска со нејзиниот сограѓанин, сплитскиот готвач Иван Пожанин.
Имено, Иван е седум години помлад од Јелена, а таа го запознаla во март додека таа гостуваla во неговата емисија „Гуштан … со Пожанин“, каде беше заедно со Тончи Хулиќ и пејачката Јолета, пишува Курир.рс.

Како што наведува изворот за Курир.рс двајцата останале во контакт по снимањето на емисијата.
Тие редовно се допишувале, а убавиот готвач особено ја освојувал со својата култура и внимание, но и кога неколку пати и подготвил убава вечера, и со неговите специјалитети ја воодушевил.

Инаку, шармантниот човек од Сплит е познат како еден од најдобрите хрватски готвачи, чии специјалитети ги проба познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, холивудскиот актер Џон Малковиќ, возачите на Формула 1, но и членови на кралски семејства, вклучително и принцезата на Монако и многу други.

– Пресреќна е откако се заедно. Тончи ја кумуваше врската, веднаш се видело дека има искри меѓу нив, и каде што има чад, има и оган.
Уживаат заедно, но не сакаат да бидат изложени во јавноста, па засега нема да ја потврдат или негираат врската.

Заљубеноста не може да се крие долго. Тие не се разделија откако прв пат се сретнаа, па им беше тешко да дојдат дури и во Белград пред неколку дена, каде што снимаше шоу со нејзината колешка Наташа Беквалац – рече изворот.
Јелена Розга долго време беше сама, неодмана дури и самата откри дека нема среќа во љубовта ама надежта не ја изгуби.

Хрватската пејачка Јелена Розга се чини дека нема многу среќа во љубовта. Сите нејзини долги врски завршувале со раскинување, а нејзините сакани по тоа стапувале во брак со други жени.
Таа вели дека во моментов е сама, но признава дека и треба маж покрај себе кој се уште не го нашла.

-Ми недостасува љубов, но сега во овој момент од животот повеќе ми одговара мојот мир и мојата самотија.
Немам магично стапче, има време, ќе се случи сигурно. Јас сум Далматинка, јас би сакала Далматинец, ама се уште не сум го нашла, изјавила Розга во една емисија.
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм
ФОТО: Јелена Розга / Инстаграм