Погледнете каква убавица е девојката што се „муваше“ со македонскиот репрезентативец – ќе се изненадите од нејзините фотографии
Бобан Николов и Зорана беа заедно на почетокот од 2020
Како што пренесуваат медиумите, нашиот репрезентативец наводно повеќе не е во врска со блогерката Зорана Јовановиќ, попозната како Зораннах.
Како што деновиве објавија српските медиум, блогерката наводно била видена во еден белградски ресторан. Таа била во друштво со две пријателки, од кои едната е од Хрватска, со кои зборувале на најразлични теми.
Како што објави српскиот Курир, Зорана на пријателката од Хрватска најпрво и зборувала за своето куче, кое изгледа и е омилена тема за разговор, а кога на средината од разговорот дошол ред за нивниот љубовен живот, Зорана наводно и потврдила дека повеќе не се во врска.
Според зборовите на изворот на Курир, на прашањето на пријателката на Зорана дали кога последен пат била во Италија била кај Бобан, бидејќи тој игра фудбал за тамошниот клуб Лече, Јовановиќ наводно како од пушка одговорила дека тие двајцата веќе некое време не се заедно.
Блогерката не сакала да навлегува во детали зошто дошло до крај на нивната љубовна врска, па само кратко кажала дека во последно време не се сложувале најдобро, па и двајцата решиле да ја прекинат врската.
Инаку, Николов и блогерката се „смуваа“ на почетокот од 2020 година додека тој играше за еден клуб во Унгарија.
Зорана и нашиот репрезентативец наводно биле во врска од февруари минатата година, а се запознале во заедничко друштво, пред самиот почеток на пандемијата. Како што тогаш пишуваше српскиот Курир, познатата блогерка и инфлуенсерка го посетила фудбалерот неколку пати во Будимпешта, по завршувањето на карантинот во Србија и кога епидемиолошката состојба го дозволила тоа. Зорана тоа впрочем и самата го потврди тоа во едно од своите видеа на крајот на октомври 2020 година.
„Бев во Будимпешта три дена на шопинг“, рече Зорана тогаш кога се обраќаше преку едно од своите видеа.
Тие на социјалните мрежи почнаа да се експонираат во последните денови од 2020 година.
На една од фотографиите што тогаш ги објави блогерката, во коментарите, Николов ѝ напиша срце, на што и таа одговори со срце. Но бидејќи немаше официјална потврда дека се во врска, српските медиуми објавија изјава од еден колега на Зорана, кој исто така е блогер.
„Неколку пати со него одеше во Унгарија на неколку дена. Во нашето друштво, таа не го крие тоа, ни покажа слики на мене и на моите пријатели, неодамна, кога снимавме неколку влогови заедно за нашите канали на YouTube.“
„Таа е многу среќна и не го крие тоа, но поради медиумите не сака да зборува за тоа во јавноста“, открива пријателот на Зорана за споменатите медиуми.
Потоа и Бобан на Инстаграм објави фотографија од станот на Зорана, на која во рацете го држи нејзиното куче Аспен, а покрај сликата напиша „Вистинска љубов“. Тогаш слична таква фотографија објави и Зорана.
Фото: Инстаграм/ Зорана Јовановиќ Зоранах