Македонската пејачка скршена од болка, изгуби блиска личност – по ТРАГИЧНАТА ВЕСТ се огласи со тажни и емотивни зборови

„Да знаев дека е последен пат ќе те гушнев посилно…“
Голема трагедија ја потресе Македонија.
Откако ја дозна трагичната вест, македонската пејачка скршена од болка напиша емотивна порака.
Само шест дена откако голманот на ракометниот клуб Охрид Никола Даниловски се удави во водите на Охридското Езеро, нова тажна вест ја потресе спортската јавност.
Дваесетгодишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски го изгуби животот.
Како што беа информирани медиумите, срцето на младиот ракометар откажало во сон.
Тој настапи на последниот дуел во победата против Еурофарм Пелистер 2 реализирајќи два голови.
Пред да биде член на РК Бутел, ги бранеше боите на вториот тим на Металург. Воедно беше дел од кадетската ракометна репрезентација на Македонија.
И Министерството за внатрешни работи ја потврди веста.
„На 03.06.2021 во 12.05 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во својот дом на ул.„Владимир Комаров“ пo-чинал М.Б.(20) од Скопје.“
Македонската пејачка Антониа Гиговска беше многу погодена од оваа вест.
Антониа и Марко беа многу добри пријатели.

Таа на социјалните мрежи напиша емотивна порака потсетувајќи се на нивната последна средба.

„Марче.. те гушнав пред некој ден.. да знаев дека е последен пат ќе те гушнев посилно! Пoч-ивaj во мир, ќе те памтам како мој најдобар другар“, напиша пејачката на Инстаграм.

Младиот Божиновски оваа сезона имаше неколку забележителни настапи во домашните натпревари, а во Бутел пристигна пред три сезони од Металург.

Македонската федерација и суперлигашките клубови му оддадоа последна почест на младиот репрезентативец преку социјалните мрежи.

Важеше за голем потенцијал, ја играше својата најдобра сезона, во февруари на еден натпревар постигна рекорд, 21 гол на еден натпревар.
Инаку, само неколку дена претходно, јавноста ја потресе веста и за трагедијата во која животот го изгуби и младиот ракометен голман Никола Даниловски (24).
Никола беше член на ракометниот клуб Охрид, а потекнуваше од ракометната школа на Металург.
Неговото бeзживoтно тело беше пронајдено во Охридското Езеро во близина на местото Лагадин.

Даниловски исчезна претходниот ден и откако не присуствуваше на тренингот на Охрид и бил недостапен на телефонот, почна потрага по него. Но за жал, следниот ден беше потврдено дека пронајденото бeзживoтно тело во Охридското Езеро е на младото момче.

Тој ги бранеше боите на клубот од Автокоманда, кратко настапуваше и во Пелистер, а беше дел од младинските селекции на Македонија и доби неколку репрезентативни повици меѓу сениорите.

Поради трагедијата беше одложен натпреварот на неговиот клуб и не се одигра „езерското дерби“ меѓу Охрид и Струга.

Пред почетокот на натпреварот Металург – Бутел, колегите се простија од него со црни маички со текст: „Почивај во мир Никола Даниловски“.

