Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот пејач за да преживее во еден момент морал да замине од МАКЕДОНИЈА – работел како келнер, а денес секоја песна му е хит

Реклама

Историскиот пласамн на ЕП во фудбал ја израдува Македонија.

Деновиве социјалните мрежи се преполни со статии за спортски настани, но и новите песни кои се снимија по тој повод.

Маркетинг

Новата песна која ДНК ја сними деновиве пред престојното учество на македонската  фудбалска репрезентација на ЕУ, а по промовирање на песната може да се каже дека реакциите се повеќе од позитивни.

„Македонија на Европско“ беше снимена со помош на многу македонски музички, но и спортски имиња.

Маркетинг

„Драги наши, „МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО“ тукушто излезе Песна што ја посветивме на нашите фудбалски репрезентативци кои се нашите херои! Благодарност до сите учесници.

Коментирајте, споделете и радувајте се на големиот спортски успех“ напиша Владимир на својот фејсбук-профил.

Инаку за овие момци е познато дека прават хитови и секоја нивна песна поминува одлично кај македонската публика.

 

Меѓутоа кога станува збор за она музичко дуо познато е дека Андреј не се когаш се занимавал со музика.

Имено тој во едно интервју откри дека почетокот не бил баш лесен, па за да заработи тој морал да замине во странство и да работи како келнер.

„Во далечната 2004 година како ДНК имавме издадено само неколку песни како: „Пази дете“, „Благодарам однапред. Искрено, тоа беше период каде што стагнираме со Панчо од музичката сцена поради тоа што немавме доволно песни и хитови за да направиме концерт и да настапуваме низ земјава“, вели Андреј за „1ТВ“.

Па поради таквата ситуација тој морал да замине за Грција и да работи како келнер во хотел, но во меѓувреме имал снимено песна и со неговиот колега „Врчак“ кој поради промоцијата на истата го натерал да се врати, па од тој момент започнала приказната со „ДНК“ и Врчак.

Андреј вели дека тоа било еден од најубавите приоди во неговиот живот.

Сепак поради корона пандемијата во 2020 овие момци за „Бекстејџ“ открија дека не се дружеле, ниту пак се гледале.

„Во денешно време со пандемијата, јас не знам кој со кого одржува нормален контакт. Сите се пазат. Што е до моментите кога сè нормално функционира ние сме се гледале двапати, трипати во месецот, на проба, во студио, на настапи, концерти. Каков може да ни биде односот? По 22, 23 години низ сè што поминавме заедно, убави работи, раѓање на деца, мекици, женачки, на големите концерти кои сме ги одржале заедно може да се видат нашите емоции, знаеме да се гушнеме, дефинитивно музиката е она што најмногу нè спојува. Нема лоша нота меѓу нас, сè е во ред. Функционираме професионално, малку сме различни во однос на начинот на живот и можеби поради тоа ретко се гледаме. Но, тука сме за важните работи во животот“, вели Андреј.

И Панчо го кажа својот дел, но нагласи дека на сцена сè уште функционираат.

„Јас многу пати досега кажав дека ние воопшто не се дружиме и дека не сме блиски. Не се слушаме и не гледам причина за никаков проблем. ДНК е институција и ќе си функционира. За среќа на сцена функционираме феноменално иако слушаме различна музика. Некогаш не го принувам да снима нешто ако не му се допаѓа. Тој ги пее песните од срце и ако нешто не му се допаѓа може да корегира и тоа е тоа“.

„Немам никаков личен проблем со него. Се знаеме 18+ години, никогаш не сме биле блиски, никогаш не сме се дружеле толку. Тој си има негови ритуали и принципи, јас си имам мои. Тоа е нормално, различни сме карактери. Тој сака ракија и пиво, јас не сакам ракија и пиво. Тој не сака спорт, јас сакам спорт. Тој сака да седи дома, јас не сакам да седам дома. Тоа е мал дел зошто не се дружиме. Кој и да работи била каква професија во канцеларија немора да се сака со секој и да се дружи приватно, едноставно треба да има респект и почит“, вели Панчо.

За наша среќа тие повторно одлучија да направат заеднички проект за да може сите ние да уживамеа во прилог погледнете неколку од пријателите кои им помогнаа во снимање на новата песна и музичкиот спот за Македонија на Европско!

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Фото: Инстаграм/ Андреј Ѓеорѓиески

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button