Црвено фустанче и дeкoлте од милион долари – Анастасија како Руби од шпанските серии, еве каков подарок му донесе на Жељко
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ дојде прва на роденденот на малиот Жељко Ражнатовиќ.
Таа на прославата блескаше во деколтирана црвена креација која го истакна нејзиното тело, но и новата боја на косата.
„Јас би го дала и животот за Жељко, но се уште не сум подготвена да бидам мајка“, изјави Анастасија за српскиот „Блиц“.
Поради ваквиот изглед многумина ја споредија со Руби, популарниот лик од истоимената шпанска серија која пред речиси дваесет години ја глумеше популарната мексиканска актерка Барбара Мори.
Како што пишуваат медиумите, ќерката на Цеца за оваа креација ангажирала српски дизајнер.
Таа на малиот Жељко му донесе злато на кое беше изгравирана посебна посвета.
Инаку, Анастасија пред само неколку дена го прослави својот 23 роденден кога исто така привлече внимание со својот изглед.
Таа и на својата прослава носеше прекрасни тоалети, но и по неколку дена, на роденденот на својата пријателка и колешка Александра Младеновиќ, кога го украде шоуто со скапоцениот стајлинг за кој се уште се зборува.
Имено, таа тогаш се појави во бел тесен фустан кој го истакна нејзиното фантастично тело, а преку рамениците носеше префрлено сако, додека во рацете ја држеше скапоцената чанта што неодамна ја носеше и Цеца.
Во прашање е модел од новата колекција на еден од најпознатите светски брендови чија вредност се движи од 4000 до 6000 евра.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм