Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот скопјанец и неговата сакана живеат живот како во некој ХОЛИВУДСКИ ФИЛМ откако заминаа од Македонија

Реклама

Во семејството на македонскиот музичар имаше голема причина за славење.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

Владимир Крстевски Франц, кој публиката го запозна како член на групата “Нокаут” веќе долги години живее и работи во Америка. Таму заедно со својата сопруга Ема и двете ќерки изгради своја семејна идила.

Во 2014 година Франц ѝ се заколна на вечна љубов на својата избраничка Ема. На нивната свадбена веселба присуствуваа голем број познати лица од македонската естрада.

Маркетинг

Веднаш после свадбената церемонија, во потрага по поубав живот, Франц и Ема заминаа да живеат во Лос Анџелес.

ФОТО: Ема Џо Франц / Инстаграм

“Живеам на две минути од киното „Долби Театар“ каде се одржуваат оскарите, на Холивуд булевар, каде се ѕвездите на под и секојдневно ги гледам туристите со главите доле, барајќи ги своите звезди, како се удираат едните во другите“, изјави своевремено Франц.

Маркетинг

И двајцата се доста активни на социјалните мрежи, каде често знаат да споделат и семејсни фотографии.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

Круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Мелоди и Мона.

Во јуни 2014 година парот ја доби Мелоди, а гордиот татко среќната вест ја соопшти на социјалните мрежи.

„На први јуни, се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. Ѝ посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно на убавите честитки“, напиша Франц.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

Минатата година тие ја добија втората среќа, малата Мона.

„На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние“, напиша Франц на својот Фејсбук профил.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

Деновиве имаа важна причина за славење.

Нивната ќерка Мелоди го прослави вториот роденден. По тој повод гордата мајка се погрижи за неверојатната декорација за прославата, а како што и самата се пофали на социјалните мрежи тортата ја направиле таа и нејзината мајка.

ФОТО: Ема Џо Франц / Инстаграм

„Најсреќен роденден на нашата најслатка Мелоди. Ти си светлината во нашите животи. Многу те сакаме”, напиша Ема на Инстаграм.

ФОТО: Ема Џо Франц / Инстаграм

Фотографии од прославата сподели на социјалните мрежи.

ФОТО: Ема Џо Франц / Инстаграм

Франц исто така на социјалните мрежи знае да сподели по некоја романтична фотографија.

На нивната љубов може секој да позавиди. На фотографиите тие изгледаат вљубено како првиот ден.

По повод годишнината од брак тој ѝ испрати јавна честитка.

„Ја користам оваа прилика да и честитам 5 години брак на Ема Џо Франц. Среќна годишница од мене и Мелодика. Те сакаме најмногу “,  напиша Франц.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

По повод неговиот роденден тој доби интересен подарок од сопругата со кој мораше да се пофали.

На почетокот на пандемијата насекаде во светот владееше некоја чудна навала по тоалетна хартија. Луѓето купуваа залихи од страв дека ќе ја нема.

Поради тоа, Ема одлучи да се пошегува со Франц, па за роденден му подари тоалетна хартија.

„Роденденски подарок од мојата сопруга“, напиша тогаш Франц, по што коментарите не престанаа да се редат.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Фејсбук

Франц публиката го запозна како член на групата Нокаут, кога во периодот на 90-те се стекна со огромна популарност. Групата опстојува до ден денес, но составот е целосно сменет.

Пред 3 години Франц јавно го обвини својот поранешен колега и кум Пере, за кpaжба на брендот Нокаут.

„Три години поминаа од кога ми го yкрадоа брендот и бендот, барем една добра песна да издадеа“, напиша Франц, а постот предизивка лавина коментари и реакции од фановите.

Пријателството меѓу нив двајцата беше доведено во прашање уште во 2015 година, откако Франц реши да го напушти бендот и да замине да живее во Лос Анџелес, додека Пере заедно со старо-новиот состав, организираа голем концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

ФОТО: Владимир Крстевски Франц / Инстаграм

„Полно срце со тaга и очај во празна сала! Од нивната ‘позитива’ отидоа во минус негатива! Драго ми е што публиката не беше изиграна и прелажана овој пат… затоа што од некогашниот Нокаут што сите го знаеме остана само “Н”! Или “фронтменот” Пере Панта Реи со платените музичари – Панта Реиковци. Е ајде сега пробајте да видам дали можете да сокриете ваква бeда, не ве спасија ни гратисите да ја наполните салата… уште на Холивуд булевар фалеше да ги раздавате… Ах лакомијо, лакомијо, следен пат на СТАДИОН!!!! Еднаш ти кажав екс куме, без крилја не се лета… али ти не послуша… на што ќе се радуваш сега???”!”, му порача сопругата на Франц на Пере веднаш по концертот.

Фото: Фејсбук, Инстаграм/ Ема Џо Францм, Владимир Крстевски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button