Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Пeтpе Шилeгов е виcтинска yбавица, но погледнете каков фраер e и неговиот наследник

Реклама

Весело семејство

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Градоначалникот Петре Шилегов како и многу други наши познати ликови од светот на политиката, ретко се појавува во јавноста во друштво со својата сопруга.

Но затоа секогаш кога ќе „исплови“ некоја нивна заедничка фотографија предизвикува внимание во јавноста.

Маркетинг

Имено, многумина од поддржувачите на владејачката партија се прашуваат што се случува зад затворените врати во животот со нивниот градоначалник, кој овој пат ги воодушеви сите со својата последна фотографија.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Петре на социјалните мрежи објави семејна фотографија на која е со сопругата и со своите деца, Иван и Симона.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

И додека неговата ќерка Симона досега имавме прилика да ја видиме (прв пат кога гордиот татко на емотивен начин и го честиташе полнолетството), ова е една од ретките можности да видиме како изгледа и неговиот наследник, но и дека неверојатно многу личи на својот татко.

Фото: Принтскрин/ Иван Шилегов

Впрочем тоа го забележаа и на социјалните мрежи каде еден корисник го напиша следниот коментар:

„Малиов копија оригинал“.

Фото: Фејсбук/ Јасмина Шилегова

Инаку Јасмина, сопругата на Петре Шилегов, неодамна се најде во центарот на вниманието со еден нејзин пост на Фејсбук. Таа тогаш сподели трогателна приказна за кучето Рекс, на кое му беше потребно вдомување.

Откако проверила по разни групи да не е случајно изгубено, и откако на истото место неколку вечери по ред доаѓало со нив, тие решиле да го однесат во Лајка. Името, Рекс му го дала Симона, нејзината ќерка, а преку Фејсбук ги замолија луѓето со големо срце што сакаат животни да го вдомат.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Цимерот на Петре

Шилегов на социјалните мрежи редовно објавува фотографии и од нивниот домашен миленик.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Во прашање е пудлицата Тоби која исто така е голем позер и очигледно сака да се фотографира.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Тој редовно завршува на профилот на Инстаграм кај таткото на градот, но веќе има и свои фанови.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Под секоја негова фотографија има интересни коментари, а понекогаш и критики за нејзиниот сопственик.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Па така под една фотографија на која Тоби ужива во зимските лудории, една корисничка на социјалните мрежи му порача дека подобро му е да го исчисти снегот, наместо да го шета кученцето и да се фотографира.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Петре го отвори Дино парк

Шилегов вчера на својата Фејсбук профил соопшти дека е отворен новиот Дино парк лоциран веднаш до Скопје ЗОО.

Всушност и заедничката фотографија со семејството е направена на отворањето, каде присуствуваше и премиерот.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

„За сите оние кои сакаат да се впуштат во нови и возбудливи авантури, да дознаат нешто повеќе за неверојатниот свет на диносаурусите и имаат желба да видат како изгледале Тираносаурус, Стегосаурус и Алосаурус во природна големина, од денес ќе имаат прилика тоа да го искусат и доживеат“, најви Шилегов на својот Фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Инаку, Дино паркот се простира на површина од 2000 квадратни метри и има вкупно 41 диносаурус од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци.

Како изгледа, погледнете во продолжение:

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Фото: Фејсбук/ Петре Шилегов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button