Нови заеднички фотографија од Тони Михајловски и неговиот син – погледнете колку личат еден на друг, ќе се изненадите
![](/wp-content/uploads/2021/05/tonimihajlovski.jpg)
Синот на македонскиот актер Тони Михајловски, Александар, е негова копија.
Тони во моментов е еден од најуспешните и најангажираните актери во нашата земја.
Може да се пофали со многу успешни одиграни улоги и во театар, но и во филм, а неговата публика сега има можност и да го гледа во емисијата „Опуштено“ како водител.
Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski28.jpg)
Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.
Јавноста го памети и по неговите славни улоги во филмовите „Буре Барут“, „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „До Балчак“, а играше и во хит серијата „Сенки над Балканот“.
Освен што е дел од шоубизнисот, Тони започна и своја политичка кариера. Стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека откако влегол во политиката многу луѓе ги изгубиле симпатиите кон него.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski24.jpg)
„Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене. Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“ , рече Михајловски.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski23.jpg)
Пандемијата Ковид 19 го тресе целиот свет, па токму поради тоа многу луѓе останаа без работа. И актерите се на пауза, театрите и кината не работат.
Изминатиов период се чини дека пандемијата стивнува, со оглед на тоа што сѐ повеќе луѓе се вакцинираат, доаѓа и летото, па намален е и бројот на новозаразени, починати и хоспитализирани пациенти од Ковид 19.
Тони е човек кој пред да стане популарен работел разни професии и не се срами од тоа.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski22.jpg)
Во свои интервјуа има кажано дека додека студирал работел и како келнер, а на Фејсбук сподели фотографија на која покажа дека пред да стане популарен бил вработен како обезбедување.
„Многу работи се работеле за преживување. И многу од нив, за само моја жал, немале никаква допирна точка со театарот, кој во овие времиња се покажа како не(толку)потребен, а уште помалку корисен.
Па сепак пријателствата, доживувањата, новите искуства кои се случиле за време на тоа преживување се бесценети“, напиша Михајловски во опис на фотографијата.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski5.png)
Тони е горд татко на синовите Александар и Максим, но од 2017 година доби и нова улога – дедо. Неговиот син Александар и неговата избраничка Ангела добија дете.
„Тони стана дедо. Александар Михајловски тато Ангела Мицкоска мама, Ана баба, Максим чичо.
Јас макеба.“
„Да е жив и здрав, голем да расте, убав на мама и тато, среќен, полн со љубов и гушкање многу“, напиша сопругата на Тони тогаш на социјалните мрежи.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski6.jpg)
Неговиот син Александар е негова копија, а освен тоа тој тргна и по неговите стапки и работи како актер.
Во периодот од 2017 до 2019 година работел во Театар Комедија, а од 2019 година е вработен во Македонскиот народен театар.
Со неговата сопруга Ангела стапија во брак една година по раѓањето на нивниот син и официјално ја крунисаа својата љубов. Важна улога во венчавката имаше и помалиот син на Тони, а, највесел и најрасположен разбирливо, беше гордиот татко, свекор и дедо.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski27.jpg)
Тони неодамна сподели фотографија заедно со Александар, која предизвика „бум“ на социјалните мрежи. Сите беа воодушевени од нивната сличност.
Александар е буквално помладата верзија на Тони.
„Зелени синови на мајка“, стои во опис на фотографиите.
„ Колку сте исти“, „Леле copy-paste. „Тони со коса“, се само дел од коментарите за фотографиите.
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski9.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski13.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski12.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski15.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski17.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski18.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski10.jpg)
![](/wp-content/uploads/2021/05/mihajlovski8.jpg)