Наши ѕвезди

Погледнете како Дарко Панчев ужива со сопругата и ќерките – голема куќа, РАСКОШЕН БАЗЕН и среќно семејство, исчполнето со љубов!

Advertisement

Во нивниот дом секогаш е весело, а сега имаа и дополнителна причина за славење.

Advertisement

Маја Гроздановска Панчева беше една од најпопуларните пејачки во 90-те години на минатиот век. Нејзините хитови во тоа време сите ги знаеја на памет.

„Сонам“, „Мачка со 9 животи“, „Заборави на сѐ„, „Вечна патека“ се песните кои до ден денес се паметат.

Пленеше со својот стас, но и со глас

Епитетот најубава жена на македонската естрада Маја се уште го носи. Младешкиот изглед, витката става, убавата насмевка и секако русата коса се работите кои до ден денес ја красат. За пејачката буквално времето како да запрело.

Advertisement
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Пејачката веќе ја гази петтата деценија од животот, но на нејзиниот изглед може да позавидат и помладите колешки.

На 25. мај пејачката го прослави својот роденден. Иако скромно, во кругот на семејството, сепак веселбата не изостана.

Нејзината ќерка Марија на социјалните мрежи објави фотографија на која Маја ги дува роденденските свеќички, која потоа и Маја ја сподели на својот профил.

Во опис на фотографијата Марија напиша: Најсреќен за најсаканата личност!

ФОТО: Марија Панчева / Инстаграм

Другата ќерка Надица и на Фејсбук сподели нивна заедничка фотографија и јавно ѝ го честиташе роденденот на својата мајка.

„Среќен роденден мамичка моја најмила“, напиша Надица.

Маја не е многу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да ги изненади фановите со по некоја фотографија.

ФОТО: Надица Панчева / Инстаграм

По повод роденденот на Дарко, пак, Маја сподели негова фотогрфија со роенденска торта.

„Оваа година, сите ние си ги прославуваме родендените само во корона услови, со надеж дека до година ќе биде подобро…да си ни жив и здрав тато уште многу години“, напиша Маја тогаш.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Време е за нова фризура

Секако дека својата коса му ја довери на својот долгогодишен пријател и соработник, Сергеј Варошлија.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Маја секогаш соработуваше со Сергеј додека сѐ уште беше активна на музичката естрада.

„Убаво поминат ден со Сергеј Варошлија“, напиша таа во опис на колажот фотографии од нив двајца, а на кои се гледа совршената шминка и фризура на пејачката, а откри дека ваквото средување било наменето за снимање.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

За себе вели дека е целосно исполнета и среќна жена, а времето најмногу сака да го поминува со сопругот Дарко и нејзините две ќерки Надица и Марија.

Повеќе од 15 години е во брак со фудбалската легенда Дарко Панчев, со кој важат за еден од најскладните парови, во чиј дом секогаш владее спокој и хармонија.

Иако повеќе не објавува свои песни, ни видео записи, таа се уште се занимава со музика.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Имено, Маја е вработена во хорот на МОБ, но нејзините фанови никогаш не престанаа да очекуваат да извади некој нов хит.

Маја вели тајна за успешен брак на постои, но со сигурност меѓу паровите треба да има разбирање, љубов и поддршка. Тоа што се и двајцата јавни личности си носи свој товар, но успешно се снаоѓаат досега.

Омилен дел од денот за целото семејство е ручекот. Тогаш сите четворица се собираат на маса и уживаат во специјалитетите подготвени од Маја. Таа многупати во своите интервјуа има истакнато дека обожава да готви, а нејзините најблиски велат дека е вистински мајстор.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Дарко и Маја живеат во раскошна куќа, во која имаат и базен

Семејството првите сончеви зраци секогаш ги користи за пливање во базенот и уживање во сонцето.

„Кончено сонце“, напиша Маја во опис на видеото кое го сподели на Инстаграм, а на кое таа се разладува во својот базен.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Круна на љубовта на Маја и Дарко се нивните две ќерки

Надица и Марија се најголемата радост во семејството и секогаш целиот фокус е свртен само кон нив.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележи дека и двете девојки пораснаа во вистински убавици. На камерите се навикнати уште од мали нозе, затоа што поради професиите на нивните родители секогаш биле изложени пред фото објективите.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Очигледно е дека и двете ја имаат наследено убавината од својата мајка, па слободно може да се каже дека ги ставаат во втор план децата на популарните личности во регионот.

Марија веќе ги има и своите први ангажмани како модел, но дали некоја од нив ќе тргне по стапките на својата мајка останува да видиме.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

Во едно свое интервју Дарко откри како е да се биде опкружен секојдневно со три жени.

„Среќен сум, и секој миг сум радосен со нив. Едноставно со трите уживам. Надица и Марија се скромни, послушни, се слушаме заедно, татини ќерки (можеби помалата повеќе иако и Надица наликува на мене ) како што е ред, ха, ха, ха, иако со мајка им повеќе се мазат.

ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

„Било што да се случува најважно е да сме заедно. За се лесно се договараме. Со Маја се слушаме, некако најопуштени мигови со неа верувале или не, ни се кога играме табла.“

„Никако не ми е јасно како јас ја научив да игра табла, а таа е сега подобра од мене“. изјави тој.

ФОТО: Надица Панчева / Инстаграм

 

ФОТО: Марија Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм
ФОТО: Маја Гроздановска Панчева / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button