Послатка и од мед, како да е друга жена: Погледнете како изгледа денес ХЕРОИНАТА од Медена земја – нема да ја препознаете!
Хероината на „Медена земја“ се подготвува за лето.
Ако мислевте дека се подготвува да тргне по мед, грешите. Овојпат Атиџе Муратова заедно со нејзината најдобра другарка Сузана Турунџиева влегоа во теретана, па почнаа да вежбаат и да се подготвуваат за летото.
Турунџиева на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од нив двете додека вежбаат а во описот напиша:
„Доаѓа лето, и сите сакаме да сме фит! Хероината реши да ги користи сите совети и препораки на еден од најдобрите сертифицирани фитнес тренери кај нас – Анатолиј Романов“.
Од приложените фотографии се гледа дека додека тренерот ги покажува вежбите, Атиџе внимателно следи и повторува.
Атиџе и Сузе од лани станаа добри пријателки, па често може да ги видиме заедно.
Заедно шетаат, одат на шопинг, снимија песна, славеа роденден, а неодамна и Бајрам во домот на Атиџе.
За разлика од минатата година, ова година Рамазан Бајрам го прослави во својот нов дом, со својата пријателка Сузана Турунџиева.
„СреќнаСреда го направи овој мајски ден посебен… Последни подготовки пред големиот празник Рамазан Бајрам!
Подароците навреме доставени и сервирани на новата трпезарија на Атиџе“, напиша Сузана на својот Фејсбук профил во опис на фотографиите на кои се гледа дека подготвиле баклава како што налага традицијата. Целата трпеза ја сервирале во персонализирани чинии и шолји, наменети само за нашата Атие. На масата секако се најде и медот по кој е препознатлива Атиџе.
Сузана редовно споделува фотографии на социјалните мрежи од дружбите со Атиџе.
-Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.
Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие…
Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе, напиша Турунџиева во опис на фотографиите, со Атиџе.
Токму Сузе ѝ помогна на Атиџе во средувањето на новата куќа. Сузе не се двои од својата нова пријателка и се залага таа да добие дом каков што заслужува.
„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел – да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна! Ви благодариме…“, напиша Сузана под фотографиите што ги објави на Фејсбук, а на кои се гледаат среќни и насмеани лица кои слават и танцуваат на успехот.
Сузе не ја остави Атиџе ниту за роденденот, па ѝ приреди изненадување какво што досега немала.
Својот 57. роденден Атиџе го прослави во еден скопски ресторан, а Сузе се потруди таа да добие торта и роденденски свеќички.
„Кога некој за првпат во животот слави роденден и за првпат дува роденденски свеќички заслужува (минимум) тродневно славење. Денеска правевме генерална проба, а утре продолжуваме. Среќен 57ми роденден мила Атиџе“, напиша Турунџиева.
„Овој роденден ќе го паметам цел живот. Дував свеќички на торта, ете за првпат, потоа бев на Попова Шапка, поминавме со Сузе Турунџиева прекрасен ден на снег, добивам честитки, убави, најубави желби од луѓето, знајни и незнајни. Јас сум многу среќна, и се што сакам за себе, сакам за сите- да се здрави, да имаат добри луѓе околу себе, спокој и кров над глава“, изјави Атиџе за „7дена.мк“.
Филмот „Медена земја“ добил универзално признание од современите филмски критичари кои доделиле пофалби до вниманието кое режисерите им го дале на деталите и до пораката за зачувување на природата која ја пренесуваат кај гледачите. Документарецот освоил многу награди на европските и американските филмски фестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 кој освоил три награди.