По Вања, уште еден пејач „исфрлен“ од „Ѕвездите на Гранд“ – фановите ШОКИРАНИ, беше еден од најдобрите во музичкото шоу
Младиот пејач и покрај тоа што ги воодушеви сите со својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ и помина во шестиот круг, беше дисквалификуван од шоуто.
Пејачот Иван Рајиќ успеа да помине во шестиот круг во „Ѕвездите на Гранд“, но од продукцијата одлучија дека треба да биде дисквалификуван од ова музичко шоу.
Тој реши да се огласи преку социјалните мрежи и на своите поддржувачи да им објасни како дошло до тоа.
„Драги пријатели, на овој начин сакам да ве известам дека мојот настап вчера ведно беше и мојот последен настап во ‘Ѕвездите на Гранд’. Ви благодарам на сите на поддршката што ми ја пруживте од моето прво појавување на сцената“ – напиша Иван на почетокот од своето обраќање.
„Би сакал да и се заблагодарам на Гранд продукција за укажаната шанса која што по мое мислење ја искористив на најдобар можен начин. За жал во овој момент од мојата кариера едноставно не сум подготвен да направам огромен чекор како што е потпишување на договор од девет години, па со ова одбивање добив известување дека сум дисквалификуван, така што мојот пат тука се завршува“, објаснува младиот пејач кој воодушевуваше со секој свој настап.
„Не знам колку можевте да забележите дека во натпреварот имав стил на пеење и се однесував токму онака како што јас ја чувствувам музиката и би сакал да останам верен на она што сум. Почувствувам дека со потпишувањето на договорот го губам она што го претставува Иван Рајиќ.“
„Јас во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби некогаш повторно ќе се гледаме на најголемата сцена на Балканот, никогаш не се знае што ни носи животот. Можеби некои ќе мислат дека ова е грешка, но јас не можам против себе. Им посакувам среќа на колегите што поминаа понатаму и внимателно ќе ве пратам до крај“.
„Вашиот Ива Рајиќ“, напиша натпреварувачот.
Инаку, ова не е прв случај некој од учесниците од слични причини да биде дисквалификуван или самиот да се откаже од понатамошното натпреварување во популарното музичко талент што.
Неколку недели пред Иван тоа го направи и пејачката Стела Раде која исто така даде свое образложение преку кое објасни дека не сакала да потпише договор со продукцијата.
Еве што напиша таа тогаш:
„Не сакам да потпишам договор со Гранд. Ќе отворам свое студио и продукциска куќа. Со момчето работам на песна која наскоро ќе ја објавам. Одлучивме да одеме по подолгиот и потешкиот пат бидејќи не сакам кариерата да ја градат на жолтило и трачеви“, вели младата девојка.
„Сакам сé сама да работам. Не мисла дека ова во Гранд е лош пат, многу луѓе така постигнаа успех, но тоа не е мојот пат. Сакам сама да ги правам моите прсни. Приоритетите ми се променија. Сакам да создавам музика која на мене ми се допаѓа и затоа мислам дека Гранд не е за мене“.
„Таму едноставно не можам да бидам она што сум“ откри тогаш Стела.
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде