Реклама
Наши ѕвезди

Италијанците победија на Евровизија, погледнете го нивниот настап – атpактивниот рокер ги освои срцата на цела Европа!

Реклама

Италија победи на Евровизија

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Нашиот претставник Васил Гарванлиев кој настапи на првата вечер не успеа да се пласира во финалето.

И како што беше и очекувано, барем според резултатите од обложувалниците, победата ја однесе Италија со 524 поени.

Маркетинг

Трката беше напната, а на крајот се одлучуваше помеѓу Италија и Швајцарија која со гласовите од публиката заврши на третото место.

Манескин е италијански рок бенд од Рим кој е составен од вокалот Дамјано Давид, басистката Викторија де Анџелис, гитаристот Томас Раѓи и тапанарот Итан Торкио. Бендот се прослави откако заврши на второто место во 11 сезона на италијанското музичко шоу „X Factor 2017“.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Манескин со нивната песна „Zitti E Buoni“ освоија 524 поени, од кои 318 добија од публиката. На второто место завршија Французите, а на третото Швајцарците. По нив следува Исланд, па Украина, а претставничките од Србија завршија на 15 место, додека од публиката добија 82 поени.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

„Не можеме се уште да поверуваме! Драго ни е што толку луѓе сакаат рок“, започнаа членовите на бендот Манескин на конференцијата за медиуми по победата во Ротердам откако го отворија шампањското и прославија.

„Победата ја посветуваме на семејствата, френдовите и фановите – порача, се уште во шок, главниот вокал Дамијано Давид.

Беше неверојатно како за само неколку месеци станаа фаворити, а по победата сите врати во музиката им се отворени.

Не се знаеше дали ќе учествуваат

На почетокот не се ни знаеше дали воопшто ќе учествуваат на Евровизија, бидејќи пандемијата ја сотре Италија.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Но тогаш потполно неочекувано скокнаа на првото место во обложувалниците, а потоа и ја однесоа победата иако националното стручно жири составено од 39 земји не им беше толку наклонето како што беа кон Швајцарија и Франција. Сепак, публиката го имаше „главниот збор“ и италијанските рокери се искачија на првото место.

Велика Британија настапот на Евровизија го заврши без ниту еден поен. Тие добија 0 поени како од жирито, така и од публиката.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Последната држава што се престави во финалето беше Сан Марино со песната „Adrenalina “. Тие завршија на 22 место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Шведска ја претстави „ Tusse “ со песната „Voices“. Тој заврши на 14 место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Домаќините на овогодишниот натпревар Холандија, завршија на 23 место, а ги престави Жангу Макрој со песната „Birth of a New Age“.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Норвешка ја претстави музичарот TIX со песната „Fallen Angel“ со која заврши на 18-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Пејачката Ефенди што го претстави Азербејџан со песната „Mata Hari“ го освои 20-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Франција ја претстави Барбара Прави со песната „Voilà“. Таа иако беше фаворитка за победа, на крајот завршија на второто место. Нејзината песна е една од ретките балади што се пласирале во финалето.

Инаку, Барбара по потекло е од Србија, а нејзиното презиме е Пјевиќ, додека уметничкото Прави го избрала во чест на својот дедо и српските корени. Нејзиниот дедо од мајчина страна е по потекло од Ирак, па за медиумите изјави дека се чувствува како да припаѓа на многу држави.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бендот Go_A ја претстави Украина со песната “Shum“ и го освоија петтото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бендот „ The Roop “ ја претстави Литванија со песната „ Discoteque “ и заврши на осмото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бугарија ја претстави пејачката Викторија со песната „Growing Up is Getting Old“ и заврши на 11-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бендот „Blind Channel“ со песната „Dark Side“ ја претстави Финска и заврши на шестото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Германците исто така директно се пласираа во финалето. Настапија со песната „ I Don’t Feel Hate “ која што ја пееше Јендрик и завршија на претпоследното место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Молдавија ја претстави Наталија Гордиенко со песната „SUGAR“ и заврши ја 13 место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Шпанците кои настапија 13-ти по ред исто така влегоа директно во финалето. Ги претстави Блас Канто со песната „Voy A Querdarme“. и заврши на 24 место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Исланѓаните од бендот „Da∂i og Gagnamagni∂“ не можеа да настапат во финалето затоа што еден од членовите беше позитивен на Ковид-19. Организацијата наместо тоа ја прикажаа снимката од нивната изведба на песната „10 Years“. Тие на крајот завршија на четвртото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Претставникот од Швајцарија Гјорн Тирс ја изведе песната Tout l’Univers и на крајот заврши на третото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Грција оваа година ја престави 18 годишната Стефанија со песната „Last Dance“ со која заврши на десеттото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Велика Британија помина директно во финалето, а ги претстави Џемс Њуман со песната „Embers“. Тие завршија како најголеми губитници на Евровизија, Не освоија ниту еден поен и од жирито ни од публиката.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Српскиот бенд „Hurricane“ се претстави со песната „Loco Loco“ и завршија на 15-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Португалија ја претстави „The Black Mamba“ со песната „Love Is On My Side“ и заврши на 12-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Една од фаворитките за победа беше и „Destiny“ што ја претстави Малта со песната „Je Me Casse“. Таа заврши седма.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Пејачката Манижа со песната „Russian Woman“ ја претстави Русија и заврши на деветтото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Бендот „Hooverphonic“ ја претстави Белгија со песната „The Wrong Place“ со која завршија на 19-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Иден Ален го претстави Израел со песната „Set Me Free“ и заврши на 17-тото место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Анџела Перистери ја претстави Албанија со песната „Karma“. Таа заврши на 21-то место.

Фото: Принтскрин/ Eurovision TV

Кипар го претставуваше Елена Тсагриноу со песната „ El Diablo “ и заврши на 16-тото место.

Инаку, за музичкиот трон на Европа вкупно се натпреваруваа претставници од 41 земји. И двете полуфинални вечери дадоа по тринаесет финалисти кои во синоќешната завршница им се придружија претставниците на земјите од Големата петорка – Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и земјата домаќин, Холандија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button