Не можеше да забремени, па нејзината сестра и „подари“ бебенце – НЕВЕРОЈАТНА ПРИКАЗНА за две сестри и нивната љубов
Цели 14 години не можеше да забремени…
„Ми се јави сестра ми и ми кажа: Ајде да правиме бебе! Што? Бев шокирана, не бев сигурна дека ја слушнав точно.“ вели Сара која со својот сопруг Бен цели 14 години се бореше со неплодноста, се додека бебето не „пристигна“, прво од полусестрата на Бен, а потоа и од нејзината родена сестра: „Таа донесе ново ниво на љубов во нашиот дом.“
Сара и нејзиниот сопруг Бен долго време сакаа да имаат деца.
Тие во средината од своите 20-ти години запловиле во брачните води, кога и започнале со обидите да создадат семејство.
Но нивните обиди биле безуспешни.
И додека тие доживувале разочарувања заради негативните тестови за бременост, проследени со безброј хopмонски инje-кции, сестрата на Сара, Мишел доби свои деца.
„Сите мои сестри веќе имаа деца“.
„Но како да се поврзат со нас?! Семејните собири станаа потсетник за она што ние го немавме, па затоа престанавме да одиме на празниците и кога имаше семејни настани. Имавме повеќе внуки и внуци отколку што можевме да изброиме“, изјави Сара за времето кога немале деца и кога им било тешко да ги гледаат луѓето што имаат.
Но тие конечно ќе добијат син.
Тие нивното прво дете го добија откако полусестрата на Бен, решила да им биде сурогат мајка.
Џена во април 2015 година самата им се понудила да им биде сурогат, кога веќе 10 години се обидуваа да имаат деца. Сара тогаш не мислела дека таа е сериозна, но по една недела добила телефонски повик од неа.
„Разговарав со сопругот и децата и направив истражување. Навистина сме возбудени што ќе ви бидам сурогат’. Не знаев што да речам“ – раскажува Сара сеќавајќи се на овие незаборавни моменти.
И така тие конечно станаа родители. Нивниот прв син се роди на 23 мај 2017 година На нивната среќа и немаше крај.
А по една година и се јавила и сестрата на Сара, Мишел, која исто така изразила желба да им биде сурогат мајка. Таа им признала дека уште кога Џена решила да биде сурогат, чувствуваа дека тоа требал да биде таа.
Но тогаш не знаела дека имаат проблеми, а по една година откако се роди нивното прво дете, реши да им помогне да го комплетираат семејството.
Мишел цело време мислела дека нејзината сестра брка кариера и дека затоа не сака да има деца. За разлика од неа, таа се породила, а ни не забележала дека се разделиле затоа што нејзината радост за неа беше болка.
Нивната ќерка се роди во 2019 година и тоа беше најневеројатниот ден во животот на Сара. Не само што за неа завршила 14 годишната борба со неплодноста која вклучуваше стотици лека-pcки прегледи, безброј хop-монски ин-jeкции проследени со вина и страв дека никогаш нема да стане мајка, туку заврши во момент преполн со љубов, жртвување и надеж. Таа сега конечно може да каже дека нејзиното семејство е комплетно, а кога прв пат ја држеше својата ќеркичка во рацете, гледаше во својата изнемоштена сестра на која по лицето и се слеваа солзи-радосници.
Таа штотуку ја роди нејзината ќерка и Сара тогаш беше преплавена од емоции, како никогаш во животот.
Оваа приказна беше објавена на страната Love What Matters од страна на Сара Џенсен и Мишел Бирд. Верзија од нивната приказна беше објавена и на нивниот блог за фотографии (madelynwphoto.com.), а можете да ги следите и на нивниот Инстаграм профил @akinwellness.