Најпопуларниот фолк-пејач во Македонија синоќа во живо го соопшти полот на бебето кое го очекува.
Ѓоко Јовиќ е еден од напознатите и најбараните имиња во земјава, но и дијаспората, а вчера се славеше во неговиот дом.
Имено тој соопшти дека ќе стане татко по четврти пат, а потоа на својот фејсбук-профил покажа дел од забавата која неговата ќерка ја организирала и покажа дека бебето кое го чекаат тој и неговата сопруга Ивана која е во четврти месец од бременоста ќе биде момче.
-Сакав да биде машко и многу и благодарам на теодора за оваа радост, рече Ѓоко кој
Уште едно машко дете ќе го радува семејството на Јовиќ, а неговото пристигнување се очекува во октомври.
Имено тие направија мала забава за откривање на полот со балон кој заедно со неговата сопруга Ивана го пукнаа а од него излетаа сини конфети.
На малата забава присуствуваа и кумашините на Ѓоко и Ивана, но и нивните кумови, а сите беа пресреќни по откривање на полот на бебето.
Во интервју за „ММС“ Ѓоко призна дека со нетрпение го очекуваат новиот челен, а нетрпеливи и возбудени се и децата.
-Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело, многу пати досега рекол Ѓоко, кој за бракот со Ивана велат дека им е совршен.
Инаку Ѓоко и Ивана веќе имаат три деца, Теодора 13 ипол години, потоа е Михаил (11.5) и Јоан (4,5).
Иако денеска е популарен Ѓоко не крие дека потекнува од работничко семејство.
Во интервју за „Женски печат“ вели дека најважната лекција во животот ја има од неговиот татко.
-Најважната лекција ја научив од татко ми. Еден ден ме седна и ми кажа: „Сине, јас можеби не сум ти дал богатство, но сум направил сите да зборуваат за тебе само убаво. Сум оставил чисто лице“. Тие зборови ќе ги паметам цел живот, раскажува познатиот пејач кој откако го претстави новиот албум, симболично насловен „Корени“
Пред да започне пандемијата Ковид 19 тој имаше со месеци однапред закажани настапи, а локалите во кои настапуваше без исполнети до последно место.
Ѓоко важи за пејач кој умее да направи незаборавна атмосфера на своите свирки, кои подоцна со денови е прераскажуваат.
Пејачот огромна популарност има стекнато и надвор од границите на Македонија. Дијаспората постојано го бара, Македонците кои живеат во земјите ширум светот уживаат во неговата музика.
И за време на пандемијата Ѓоко не мируваше, а доказ е и неговиот нов видеозапис за песната „Ѕвезда најсветла“.
„Песната е испеана и посветена за публиката, но да бидам искрен, и за мојата сопруга Ивана која секогаш ми е најголемата поддршка за сè што правам, и која ми е најголемата причина за среќа со тоа што ми подари три дечиња.
Објавена е во време на пандемија предизвикана од вирусот баш со цел да ги охрабри и развесели сите слушатели, и да испрати една порака дека музиката е вечна, дека ништо, па и една ваква пандемија не може и нема да ни го скрати задоволството да уживаме пак сите заедно. Јас на тоа искрено се надевам и посакувам да се случи во што побргу“ – вели Ѓоко за песната.