Реклама
Новости

Поставија пример за граѓаните- Македонските министри и претседателот Пендаровски ги примија првите дози на вакцини против коронавирусот

Реклама

Неколку македонски министри денеска ја примија првата доза вакцина против коронавирусот.

На списокот министри се најдоа Маричиќ, Османи, Бочварски, Бектеши, Милевски, Бесими и вицепремиерите Димитров и Битиќи, а се вакцинираше и претседателот Пендаровски.

Маркетинг

-Јас сакам, на 8.06 кога треба да ја примам втората доза, истата да ја примам во некоја трета општина, мислам дека тоа е добро за да им покажеме на луѓето дека сите вакцини што доаѓаат во земјава се проверени, сите тие се ефикасни и не треба да имаат никаков сомнеж, рече Пендаровски.

До сега се вакцинираа и неколку градоначалници, но и министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

Маркетинг
ФОТО: Стево Пендаровски/ Фејсбук

Својата граѓанска должност како што рече, ја исполни и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министрите кои денеска се вакцинираа ја примија вакцината на „Фајзер“ додека пак оние кои се вакцинираа минатата недела тоа го направија со кинеската вакцина „Синофарм“.

ФОТО: Оливер Спасовски/ Фејсбук

-Стратегијата или ставот на Владата е како и сите други граѓани кога ќе дојдеме на ред која вакцина ќе дојде со таа ќе се вакцинираме. И во таа смисла не сме на ниту еден начин посебно третирани, посебно од сите останати коишто денес се вакцинираат во центарот „Борис Трајковски“, нагласи Маричиќ во изјава за новинарите.

Вали дека биле третирани како и сите останати граѓани и дека за нив немало никаква посена привилегија.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Димитров пак по вакцинирањето истакна дека е важно што е можно побрзо и што е можно повеќе македонски граѓани да се вакцинираат, со цел враќање на животот во нормала.

Вицепремиерот Битиќи пак рече дека граѓаните би требало да се вакцинираат о која било вакцина бидејќи, според него, сите се безбедни и ќе спасат од тешки последици и смрт.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

– Вакцините се сигурни, безбедни, развиени на безбедни платформи. Несаканите ефекти се мали. Контраиндикации има за одредени посебни категории граѓани кои нема да примат вакцини, а препораките за нив ги влечеме од научни испитувања. Јас примив „Синофарм – рече министерот Филипче по вакцинацијата во салата „Борис Трајковски“ во изјава за медиумите.

Тој апелираше сите да се пријават на вакцинација.мк за што побрзо да добијат термин.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

– Пандемијата не научи да бидеме сплотени во почитување на мерките за заштита и превенција од ширење на вирусот. Сега треба да бидеме обединети во давањето приоритет на вакцинација за да се смени сликата на пандемијата кај нас. Вакцината е нешто што сите го чекавме долго време, фактор да се смени сликата за пандемија, рече тогаш Филипче.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button